Многу лесен колач, целиот е кремаст, се топи во уста.
Потребни состојки: 8 јајца, 8 лажици шеќер, малку прашок за печиво и 200 г кокосово брашно. За крем: 8 жолчки, 8 лажици шеќер, 4 лажици млеко, 150 г чоколадо за готвење, 150 г путер или маргарин, 2 шлаг креми од ванила. За декорација: 50 г кокосово брашно
Постапка: Одвојте ги белките од жолчките. Во белките постепено додавајте шеќер и матете додека да добиете цврст снег. Во снегот додадете кокосово брашно и малку прашок за печиво. Излејте во тепсија со величина 30 см. Печете во загреана рерна на 150 степени околу 20 минути.
За крем: Изматете ги пенасто жолчките со шеќерот, а на многу тивок оган ставете малку млеко, колку за да можат во него да се сварат жолчките и да се добие преубавиот крем.
Значи, во 4 лажици загреано млеко додадете ги измиксаните жолчки, па мешајте постојано додека да згусне. Внимавајте да не ви загори кремот. Додека е уште топол, додадете растопено чоколадо и мешајте додека да се соедини.
Кога ќе излади кремот од жолчки, додадете путер и заедно измешајте ги со миксер. Премачкајте врз кората. Тое е оној тенок кафеав слој крем што се гледа помеѓу кората и шлаг кремот.
Колачот ставете го во фрижидер да се лади додека вие го приготвувате шлаг кремот од ванила. Кога и тоа ќе го измиксате, премачкајте го шлагот. Целиот колач наросете го со кокосово брашно, а потоа исечете го на коцки и послужете.