Потребни состојки:
5 белки
150 г шеќер
2 лажици брашно
150 г кокосово брашно
За чоколаден прелив:
150 г чоколадо
150 мл слатка павлака
За фил:
500 мл млеко
5 жолчки
1 пудинг од ванила
2 ванилин шеќер
150 г шеќер
250 г путер/маргарин
За наросување:
50 г кокосово брашно
Постапка:
Изматете ги белките, додадете шеќер и изматете во цврст снег. Додадете кокосово брашно во кое сте измешале лажица брашно.
Користете тепсија приближна на 30х20 см. Кората печете ја околу 15-20 минути на 180 степени.
На пареа растопете го чоколадото заедно со слатката павлака и мешајте додека да добиете единствен, фин и мазен крем кој ќе го нанесете врз кората.
Оставете во фрижидер кремот убаво да стегне, за да можете врз него да го нанесете жолтиот крем.
Жолт фил: од млекото одвојте околу 100 мл за да можете во него да го растопите пудингот, а остатокот ставете го на оган да зоврие.
Изматете ги жолчките со шеќер и ванилин шеќер, додадете го разматениот пудинг, па сето додадете го во зовриеното млеко и сварете го како пудинг.
Кремот целосно нека излади, па соединете го со пенесто изматениот путер. По желба одозгора декорирајте со шлаг крем од чоколадо и наросете со кокос.