Пушач сте? Прашањето не е ДАЛИ ќе добиете рак, туку КОГА и КАКОВ рак?
Оваа лоша навика буквално може да ве чини живот и затоа е време да размислите дали несвесно извршувате самоубиство!
Знаете дека пушењето убива. Сепак, сега научниците открија дека пушењето на една кутија дневно може да предизвика 150 штетни промени врз клетките на белите дробови во текот на само една година.
Ова откритие е изведено од студијата за генетски мутации предизвикани од пушењето во различни органи.
Научниците во стручното списание Science го објавија ова откритие кое покажува дирeктна поврзаност на бројот успушени цигари во текот на животот со – бројот на мутации во генетските единици на карциномот.
Најголема стапка на мутација е пронајдена кај рак на белите дробови, но и кај туморите во други делови од телото, вклучително и мочен меур, црн дроб и грло – имале мутации кои се поврзани со пушењето.
Тоа објаснува зошто пушењето предизвикува и многу други видови на рак, а не само на белите дробови.
Пушењето убива шест милиони луѓе годишно ширум светот и ако сегашниот тренд се продолжи, Светската здравствена организација предвидува повеќе од милијарда смртни случаи поврзани со пушењето во овој век.
Мутациите во клеточната ДНК се директен причинител за рак. Пушењето е поврзано со најмалку 17 вида карциноми, но на научниците досега не им беа јасни механизмите кои стојат зад голем број од нив.
Људмил Александров од Националната лабораторија Лос Аламос во САД, еден од научниците кои го спровеле истражувањето, објаснува дека досега најтешко било да се разјасни како пушењето го зголемува ризикот од карцином во делови на телото кои не доаѓаат во директна поврзаност со чадот.
-Имавме многу епидемиолошки докази кои го поврзуваат пушењето со карциномот, но сега можеме да го утврдиме бројот на молекуларни промени во ДНК – изјавил Александров.
Во оваа студија биле анализирани повеќе од 5 000 тумори и споредувани карциноми на пушачи со карциноми на непушачи.
Биле пронајдени одредени молекуларни отпечатоци од оштетувања на ДНК кај пушачите, т.н. мутациски отпечатоци, па научниците пребројале колку такви отпечатоци се наоѓаат во различни тумори.
Откриле дека во клетките на белите дробови – пушењето на една кутија цигари дневно доведува до 150 мутации во секоја клетка, секоја година.
-Секоја мутација е можна појдовна точка за серија генетски оштетувања, кои може да доведат до рак – изјавиле научниците.
Резултатите од студијата исто така, покажуваат дека пушењето на една кутија цигари дневно доведува во просек до 97 мутации во секоја клетка на грлото, 39 мутации во ждрелото, 23 во устата, 18 во бешиката и 6 мутации во секоја клетка од црниот дроб, секоја година.