ПУФНАСТИ МЕКИЦИ/ПИШИИ СО СОВРШЕНО ТЕСТО – ТРИКОТ ШТО СЕКОГАШ УСПЕВА
Ако сакате пишии кои се крцкави однадвор, а меки и воздушести внатре, тогаш овој рецепт е вистинската тајна.
Со едноставна техника за ферментација и обликување, тестото прекрасно се обликува и резултатот е неодолив. Подгответе ги навечер, испржете ги наутро и уживајте во совршени пишии секој пат, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки
За тестото:
• 400 мл топла вода
• 10 г сув квасец
• 1 јајце
• 6 г сол
• 500 г брашно
За пржење:
• 2 чаши растително масло
• НМД


Постапка
1. Подготовка на тестото
Во длабок сад измешајте ги топлата вода, сувиот квасец и јајцето. Промешајте додека смесата да се соедини.
Додајте ја солта, а потоа постепено додавајте го брашното. Замесете меко и лепливо тесто, слично по текстура на тесто за теганици. Месете со рака околу 3–4 минути.
2. Ферментација
Покријте го садот со фолија или со крпа и оставете го тестото да ферментира 90 минути на топло место.
3. Обликување
По ферментацијата, сипете малку масло и кратко промешајте го тестото за да се собере. Префрлете го на лесно намастена површина и нежно премесете го колку да оформите топка.
Кинете топчиња со големина на мандарина (околу 10 парчиња). Покријте ги со кеса и оставете ги да одморат 5 минути.
4. Формирање пишии
Секое топче сплескајте го со прстите на намрсена површина и направете мало дупче во средината. Обликувајте ги како во видеото (тенки рабови и подебела средина).
5. Пржење
Загрејте длабоко масло на температура малку под силен оган. Пишииите ставајте ги во врелото масло и со лажица полевајте масло одозгора – така ќе бидат шупливи и меки одвнатре.
Пржете ги додека едната страна убаво зарумени, потоа превртете ги на другата.
6. Совети
• Тестото можете да го замесите навечер и да го чувате во фрижидер. Утредента само оформете ги и испржете.
• Пишиите треба да бидат крцкави однадвор и воздушести внатре – тоа е знак дека техниката успеала.
Пријатен апетит за сите што ќе го подготват овој превкусен рецепт! Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:





































