Ова се петте особини кои укажуваат дека некој што го познавате е психопат. Психијатар детално ги опиша знаците со кои можете да откриете дека некој може да биде психопат.
Д-р Џелил Мохамед, од Велика Британија, објасни дека постојат луѓе кои како да ги „цицаат“, односно енергетски ги „исцедуваат“ другите, или имаат недостаток на емпатија и не покажуваат емоции или пак, тие се лажни (изглумени),
имаат врски кои кратко траат или повеќе врски одеднаш, а сите овие карактеристики би можеле да укажуваат дека тие би можеле да бидат психопат.
Тој додаде дека психопатите често имаат многу ниска толеранција и „незгоден“ темперамент, а овие знаци ги покажуваат уште во детството, а тие се насилни кон животните и другите деца.
„Имањето само една од овие особини не прави некого психопат, туку целокупната слика на нечија личност врз основа на овие (и други) признати особини на психопатите може да доведе до класификација на психопатија“, објасни тој.
Првиот знак за психопатство кај д-р Џелил е некој што води „паразитски живот“ со тоа што ги „цица“ другите како „вампир“ наместо да прави нешто за себе.
Тој најчесто не заработува или не сака да работи, но сака да ги контролира парите на партнерот и да биде главен во одлучувањето.
Според д-р Џелил, овој тип на луѓе одбираат партнери за кои процениле дека се добар „плен“ и дека би можеле да живеат „на нивен грб“, односно влегуваат во врски за пари.
Исто така, тие најчесто наоѓаат други луѓе да им ги извршуваат нивните секојдневни обврски, односно имаат тенденција да сакаат други луѓе да работат за нив“.
Второ, д-р Џелил рече дека луѓето кои се психопати имаат исклучително низок темперамент што може да се активира за неколку секунди.
„Можеби ќе видите дека психопатот делува сосема нормално, ќе водите нормален разговор, потоа поради некоја работа, најчесто некоја ситница, збор или постапка, ќе ги поттикне и ќе експлодираат од гнев“, рече тој.
„Често луѓето кои лично не доживеале таков тип на гнев кај некоја личност претходно во нивните животи, може да бидат таргетирани за манипулација, односно токму таквото однесување и излевање на ненадејна „агресивност“, бес или гнев се користи за да се изманипулира личноста“.
Д-р Џелил меѓу другото, објасни и дека промискуитетот е знак на психопатија. Тие брзо „скокаат“ од врска во врска, па дури и од брак во брак, но откако ќе се венчаат, нивниот брак не трае долго.
Постојат голем број рани знаци во однесувањето на детето кои можат да укажат на тоа дека може да порасне во психопат.
„Знаците на психопатија понекогаш можат да станат очигледни во детството, некои од работите што психопатите можеби ги правеле како дете вклучуваат значително насилство“, рече д-р Џелил.
„Понекогаш ќе видите дека децата се однесувале на навистина чуден начин, биле насилни кон миленичиња или други животни или биле навистина агресивни кон другите деца“.
Конечно, психијатарот рече дека недостатокот на емпатија е голем знак за психопатија.
„Психопатите не се грижат за туѓите чувства. Всушност, ако некогаш му пристапите на психопат за да му доверите како се чувствувате за некоја ситуација, тој многу јасно ќе ви даде до знаење дека воопшто не се грижи за вашата состојба“, рече д-р Џелил.
„Тие буквално имаат милион работи што повеќе би сакале да ги направат во тој момент, отколку да слушаат како се чувствувате за некоја ситуација“.
Ова е исклучок за крајно манипулативните психопати, кои напротив, ќе ве ислушаат, па дури и ќе одглумат емоции додека им се доверувате, но само за потоа истото тоа да можат да го употребат против вас.
Уште пет знаци кои укажуваат дека некој може да биде психопат
1. Површен шарм
Дали ви е познато чувството кога за првпат ќе сретнете некоја личност и веднаш ќе ве освои со својот шарм? Тие се навистина шармантни и убави, но како што повеќе ги запознавате, тој шарм исчезнува и тие не се ни блиску толку убави како што мислевте.
Тогаш ќе забележите дека сите ја имаат оваа првична реакција на нив. Сите што ги запознаваат за прв пат мислат дека се толку убави и шармантни, но вие сте свесни дека ова е само површна работа. Откако ќе ги познавате подолго време, вие станувате свесни дека тие не се ни приближно толку шармантни како што изгледаат.
2. Грандиозно чувство за самопочит
Психопатите мислат дека се апсолутно најдобри, дека светот се врти околу нив, мислат дека се најдобри во сè. Тие никогаш не можат да згрешат, никогаш не може да има некој што е подобар или поубав од нив. Во нивниот ум, тие се неверојатни во сè и никој не може да им каже поинаку.
3. Патолошко лажење
Ова подразбира – лаги врз лаги врз лаги… Можеби на почетокот нема да го забележите ова, но штом ќе почнете да го запознавате психопатот, ќе забележите дека лажат дури и за ситници, па дури ќе забележите дека лажат и од задоволство.
Дури, некогаш и без вистинска намера или да се обидат да постигнат нешто, тие само ќе лажат од навика или од забава поради лажењето.
4. Маестрални манипулатори
Психопатот ги знае сите трикови како „од книга“ со кои се служи за да ги постигне своите цели. Тие ќе лажат, ќе користат гнев, ќе користат шарм, ќе користат толку многу различни техники и тактики за да се обидат да го добијат она што го сакаат.
Можеби нема ни да сфатите дека сте манипулирани додека не погледнете наназад на нештата некое време подоцна и не помислите: „Почекај, што по ѓаволите штотуку се случи?“.
5. Недостаток на каење или чувство на вина
Психопатите не се чувствуваат лошо што газат по луѓе, не се чувствуваат лошо што некому му нанесуваат штета, што некого навредиле и повредиле.
Тие се фокусирани само на постигнување на нивните цели, па кој и да се најде на патот, психопатите веруваат дека тоа е нивна вина, што се нашле на нивниот пат… Психијатарот можете да го погледнете ОВДЕ.
@drjaleelmohammed These are 5 personality traits of psychopaths. Having just one of these traits does not make someone a psychopath but its the overall picture of someone’s personality based on these (and other) recognised traits of psychopaths that can lead to a classification of psychopathy #psychopath #mentalhealth #narcissist #personalitydisorder #psychiatry