Фото и рецепт: Елисавета Георгијовска
Потребни состојки за ќофтињата:
300 г мелено месо
1 средна главица кромид, рендан
1 јајце
Малку масло и зачини
За тавата со кромид:
4-5 главици кромид
2 моркови
2 суви пиперки
Зачини по вкус
Постапка:
Во 300 грама мелено месо се додава 1 средна главица кромид (јас го рендам), 1 јајце, малку масло, вегета, мелен црн бибер, сол по вкус, малку нане и Буковска пипер.
Смесата се меша, се формираат ќофтињата, се пржат во загреано масло. Се тргаат настрана.
За тавчето со кромид: 4-5 главици кромид се сечка и се запржува во истото масло од ќофтињата.
Јас додадов 2 моркови сечкани на тркалца и 2 суви пиперки. Се пржи, кромидот да стане прозрачен и сè останато, се зачинува со вегета, сол и малку мелен црн бибер, малку црвен пипер за готвење.
Се дотура вода малку да го покрие зајрето. Се пече во загреана рерна на 200 степени. При крај кога е печено се редат ќофтињата, се враќа во рерна уште 5-10 мин. Се служи топло со салата по желба.
Ќофтиња во тава со кромид (Фото и рецепт: Елисавета Георгијовска)