Фото и рецепт: Даниела Миловановиќ, според рецептот на Данијела Косо

Потребни состојки:

100 мл млака вода
100 мл млако млеко
1 лажица шеќер
15 г свеж квасец или 1 кесичка сув квасец
1 лажица брашно за квасецот
400 г брашно
1 лажичка сол
3 лажици шеќер
100 мл масло
малку млеко за премачкување

За фил:

500 г мелени ореви
200 г шеќер
150 мл врело млеко

Постапка:

Помешајте 100 мл млака вода, 100 мл млако млеко, една лажица шеќер, 15 г свеж квасец (или 1 сув) и една лажица брашно.

Добро промешајте да нема грутчиња и оставете 5-10 минути да се активира квасецот.

Во подлабок сад ставете 400 г брашно, лажичка сол, 3 лажици шеќер и активираниот квасец и 100 мл масло. Замесете тесто и оставете го на топло додека да се удвои.

Стасаното тесто премесете го и поделете го на два дела. Развлечете ги во праволаголни кори, филувајте ги па свиткајте ги во ролат.

Оставете ги во плех обложен со хартија, да отстојат 25 минути, па премачкајте ги со млеко и ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 степени додека да заруменат.

За фил: 500 г ореви, 200 г шеќер измешајте и полије со 150 мл врело млеко. Оставете 10-тина минути да отстои па филувајте.

Фото и рецепт: Даниела Миловановиќ