Потребни состојки:
1,5 литар домашна комова ракија
10 таблети аспирин од 500 мг
1 кутија ментол кристали
Постапка:
Во пластично шише од 1,5 литар со ракија ставете издробени аспирини и ментол кристали, па протресете добро.
Кога ќе се растопат со оваа ракија масирајте ги местата на кои чувствувате болка: грб, раце, нозе, стапала, воспалени мускули…
Во почетокот малку ќе почувствувате ладно, а подоцна ќе ви надојде топлина.
Следниот ден ќе бидете како нови.
Напомена: оваа ракија не лекува, туку смирува болки. По потреба повторете.