Home закуска ПРСТИ ДА ИЗЛИЖЕШ…Сарма од слатка зелка…Нема подобар рецепт од овој…

ПРСТИ ДА ИЗЛИЖЕШ…Сарма од слатка зелка…Нема подобар рецепт од овој…

ПРСТИ ДА ИЗЛИЖЕШ…Сарма од слатка зелка…Нема подобар рецепт од овој…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 главица зелка (2 кг)
50 мл оцет
3 лажици сол

За фил:
600 г мелено месо
4 главици кромид со средна големина
100 г измиен ориз
1 лажичка сол
1 лажичка брашно
2 лажици црвена лута пиперка во прав
1 лажица сув зачин
1 лажица мелен црн пипер
4 ловорови листови
неколку зрна црн пипер
200 г маст + 1 лажица маст или путер/масло
уште 1 лажица црвена лута пиперка во прав
1 лажичка оцет

ПОСТАПКА:

1.Во големо тенџере наполнето до половина со вода сипете 3 лажици сол и 50 мл оцет, па ставете на оган да зоврие. Ставете ја зелката исчистена од тврдиот средишен дел („кочан“) и преливајте ја со водата, додека листовите да почнат да се одделуваат.

2.Превртете ја зелката и од другата страна и продолжете со поливањето. Омекнатите листови вадете ги во посебен сад, а кога ќе ги извадите сите листови, повторно вратете ги, поклопете го тенџерето и оставете ги да се оладат.

3.Во тава загрејте малку масло, па сипете ситно сечкан кромид, посолете и пржете го додека да застакли. Потоа додајте го меленото месо. Кога и тоа ќе се испржи додајте го измиениот ориз и малку промешајте.

4.Потоа додајте една полна лажичка брашно, па црвен пипер и убаво промешајте. Пржете уште кратко време, па тргнете го садот од рингла. Додајте сув зачин и црн пипер, промешајте и по потреба додајте уште зачини по вкус.

5.Од омекнатите листови зелка отсечете го тврдиот средишен дел и ако е голем, пресечете го на половина. Ставете го листот на дланка, наполнете го со фил и свиткајте.

6.Сармите редете ги во широко и длабоко тенџере кое претходно сте го намастиле со маст или друга маснотија и на дното сте го обложиле со листови зелка. Ставете ловоров лист, црн пипер во зрно и лажичка оцет.

7.Прекријте ги сармите со листови зелка и залијте вода да биде малку над нивото на сармите. Варете ги на средна температура и додавајте вода по потреба, приближно еден час.

8.Потоа растопете една полна лажица маст и додајте една полна лажица црвен пипер во прав и пржете кратко, внимавајќи да не ви прегори пиперот.

ВКУСНА ЗЕЛКА КАКВА ШТО ЈА ПРАВЕА НАШИТЕ БАБИ: Од ова јадење ви надоаѓа вода во уста

Запршката прелијте ја преку сармите (малку потргнете ги горните листови, па вратете ги) и гответе уште неколку минути.

9.Исклучете ја ринглата, оставете малку да подизладат, па послужете ги. Вкусни се и топли и ладни. Постапката погледнете ја ОВДЕ.