Печено пилешко со компири: Едноставно и вкусно јадење
Овој рецепт за печено пилешко со компири е совршен спој на едноставност и богат вкус.
Со лесно достапни состојки и минимална подготовка, ќе добиете срдечно јадење кое ќе ги воодушеви сите околу трпезата.
Идеално за семејни ручеци или вечери, ова јадење комбинира сочно пилешко месо со кремаста подлога од компири, зачинета со ароматни зачини, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки
За пилешкото:
– 650 г пилешко бело, исечено на мали парчиња
– 1 лажица оцет
– 1 лажица лимонов сок
– 2 лажици маслиново масло
– ½ лажичка сол
– 1 лажичка лук во прав
– 1 лажичка кромид во прав
– 1 лажичка ким
– 1 лажичка црвен пипер
– 1 лажичка мајчина душица
– ½ лажичка црн пипер
– НМД
За слојот од компири:
– 500 г компири, излупени и рендани
– 200 г кромид, тенко исечкан
– 1 лажица путер (15 г)
– 1 лажица маслиново масло
– 1 лажица доматна паста
– ½ лажичка сол
– Останатиот дел од мешавината на зачини (од погоре)
И уште:
– 1 лажица растопен путер (за премачкување)
– Свеж магдонос, ситно исечкан (за гарнирање)
Постапка
1. Во сад за мешање ставете ги парчињата пилешко месо, оцетот, лимоновиот сок, солта и маслиновото масло.
2. Во помал сад измешајте ги сите зачини: лук во прав, кромид во прав, ким, црвен пипер, мајчина душица и црн пипер.
Половина од мешавината на зачини искористете ја за да го зачините пилешкото, а остатокот зачувајте го за компирите.
3. Покријте го садот со пилешкото и оставете го во фрижидер да отстои 30 минути.
4. Во меѓувреме, излупете ги и изрендајте ги компирите, а кромидот исечете го на тенки парчиња.
5. Во тава на средна температура растопете го путерот и додајте малку маслиново масло.
6. Додајте го кромидот и пржете го додека да омекне и добие златна боја.
7. Додајте ја доматната паста и гответе уште 1 минута, мешајјќи постојано.
8. Во тавата додајте ги ренданите компири, преостанатата мешавина на зачини и солта. Добро измешајте.
9. Смесата од компири рамномерно распоредете ја во сад за печење.
10. Врз компирите наредете ги маринираните парчиња пилешко месо.
11. Печете во загреана рерна на 200°C (400°F) 30 минути.
12. По печењето, премачкајте го пилешкото со растопениот путер.
13. На крај, посипете со ситно исечкан магдонос и послужете со ориз или свеж леб.
Ова јадење е едноставно за подготовка, а резултатот е неверојатно вкусен. Уживајте во секој залак! Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:
https://www.youtube.com/watch?v=6XcDFCI2BL8





































