ПРСТИ ДА ИЗЛИЖЕШ…Неодоливо вкусно јадење со ќофтиња, евтино и едноставно, рецепт кој досега не сте го подготвиле…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

500 г леќа
500 г мелено месо
2 главици кромид
1-2 пиперки
2 моркови
2 домати
2 јајца
50 г лебни трошки
сол, црн и црвен пипер, кумин, мајчина душичка, оригано

ПОСТАПКА:

1.Зачинете го меленото месо со сол, црн пипер, црвен пипер, ким, мајчина душица и магдонос. Додадете 1 ситно сечкан кромид, јајцата и лебните трошки. Добро измешајте, покријте и ставете во фрижидер 30 минути.

2.Исечкајте 1 кромид, морковите и пиперките, па издинстајте ги на малку маслиново масло 10 минути на умерен оган (5-ти степен). Додајте ги ситно исечените домати и динстајте 5 минути на умерен оган (5-ти степен).

3.Во тепсија/огноотпорен сад истурете ја добро измиената леќа, додајте го подготвениот зеленчук, зачинете со црн пипер и оригано и сипете 1,5 литар вода. Поклопете го садот/ тепсијата и ставете во рерна. Печете на 220°C/428°F 50 минути.

4.За тоа време од меленото месо формирајте ќофтиња и пржете ги на врело масло по 2 минути од секоја страна, на умерен оган (7 степен).

5.Откако ќе ги извадите ќофтињата, во истото масло (додајте уште 20 мл) запржете 1/2 лажичка црвен пипер 10 секунди на тивок оган (3 степен).

6.Извадете ја тепсијата/садот од рерна, сипете ја запршката од црвен пипер и одозгора наредете ги ќофтињата.

Повторно поклопете ја тепсијата со капак и вратете ја во рерна 15 минути на 200°C/392°F. Постапката погледнете ја ОВДЕ.