Прсти да излижеш колку е вкусно…Потпечени тиквички, многу вкусно и брзо јадење…Ќе уживате во секој залак…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

600 г млади тиквички, исечени на коцки
1/2 китка млади кромитчиња или праз, ситно сечкани
1/2 китка магдонос, ситно сечкан
4 јајца
1 лажичка сол
1/2 лажичка црн пипер или по вкус
50 мл млеко или јогурт
100-150 г ситно сирење
1 лажица брашно
100 г рендан кашкавал

ПОСТАПКА:

1.Во подлабок сад соединете ги јајцата, со сирењето, млекото и лажица брашно. Додајте го кашкавалот.

2.Посебно измешајте ги сечканите тиквички со кромитчињата и магдоност, па залијте ги со смесата и промешајте.

3.Смесата сипете ја во намастен огноотпорен сад и ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени, 35-40 минути или додека малку да зарумени. Постапката погледнете ја ОВДЕ.