Прсти да излижеш…Брз и многу вкусен ручек од малку состојки, а готов за половина час…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
За прелив/тесто:
2 јајца,
150 мл млеко,
по 1/2 лажичка сол, лук во прав и црн пипер,
2 лажици масло,
150 г варени компири,
4 лажици брашно и
1 лажичка прашок за печиво.
За фил:
1 главица кромид
1 зелена и 1 црвена пиперка
150 г бело пилешко месо
сол, црн пипер, лук во прав, оригано
2 лажици доматен сос
3 лажици крем (неутрална павлака)
ПОСТАПКА:
1.Сите потребни состојки за преливот ставете ги во блендер и измиксајте ги додека да добиете густа течна смеса како крем. на крај додајте го брашното и прашокот за печиво, па промешајте.
2.Во широка тава на малку масло испржете ги ситно сечканиот кромид и пиперките. Додајте го белото месо исечено на коцки, зачинете со билки по вкус и продолжете со динстање додека месото да ја промени бојата.
3.Потоа додајте доматен сос, промешајте, па додајте го кремот. Динстајте уште минута-две и кога сѐ ќе стане компактно, тргнете од оган.
4.Во плех со средна големина и обложен со хартија за печење распоредете половина од преливот. Врз него распоредете го филот, па сипете го остатокот од тестото.
5.Посипете рендан кашкавал и суво оригано, па ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени, 30 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.