Home пита Проверено најдобрата пита со месо…Омилениот рецепт за пита со готови кори

Проверено најдобрата пита со месо…Омилениот рецепт за пита со готови кори

Проверено најдобрата пита со месо…Омилениот рецепт за пита со готови кори…Супер е за во сабота, кога не планирам ништо да зготвам, тогаш ја правам оваа двојна мерка и цел ден сме мирни.

Лесно може да се направи пола мерка, не мора да биде цела. Верувам дека ќе уживате. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

Фил со месо:
2 средни главици кромид,
100 мл масло,
2 чаши вода,
800 гр до 1 кг мелено месо,
2 лажички суви зачини,
1 лажичка мелен пипер,
1 лажичка листови магдонос,
малку сол.

За прелив промешајте:
6 јајца,
100 мл масло,
400 мл јогурт,
600 мл вода,
1 лажица сол

И уште:
1 кг кори за пита,
2 лажици вода + 2 лажици масло

ПОСТАПКА:

Пропржете го ситно сечканиот кромид и зачинете го. Кога ќе омекне додајте го меленото месо, зачините и вода. Динстајте на умерена температура додека да испари вишокот вода.

Големиот плех од рерна намастете го, наредете 3 кори, па распоредете по 2 лажици фил и на овој начин продолжете додека да ви се потроши материјалот. Ако правите половина мерка, користете помал плех.

Питата исечете на коцки и залијте ја со преливот. Вклучете ја рерната да се загрева на 200 степени, а затоа време оставете питата да го впие преливот.

Печете ја 50-60 минути додека да зарумени. Помешајте 2 лажици вода со 2 лажици масло, па премачкјате ја печената, топла пита. Оставете ја покриена со крпа да се подизлади, па послужете ја. Постапката погледнете ја ОВДЕ.