Проверено најдобрата пита со месо…Омилениот рецепт за пита со готови кори…Супер е за во сабота, кога не планирам ништо да зготвам, тогаш ја правам оваа двојна мерка и цел ден сме мирни.

Лесно може да се направи пола мерка, не мора да биде цела. Верувам дека ќе уживате. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

Фил со месо:
2 средни главици кромид,
100 мл масло,
2 чаши вода,
800 гр до 1 кг мелено месо,
2 лажички суви зачини,
1 лажичка мелен пипер,
1 лажичка листови магдонос,
малку сол.

За прелив промешајте:
6 јајца,
100 мл масло,
400 мл јогурт,
600 мл вода,
1 лажица сол

И уште:
1 кг кори за пита,
2 лажици вода + 2 лажици масло

ПОСТАПКА:

Пропржете го ситно сечканиот кромид и зачинете го. Кога ќе омекне додајте го меленото месо, зачините и вода. Динстајте на умерена температура додека да испари вишокот вода.

Големиот плех од рерна намастете го, наредете 3 кори, па распоредете по 2 лажици фил и на овој начин продолжете додека да ви се потроши материјалот. Ако правите половина мерка, користете помал плех.

Питата исечете на коцки и залијте ја со преливот. Вклучете ја рерната да се загрева на 200 степени, а затоа време оставете питата да го впие преливот.

Печете ја 50-60 минути додека да зарумени. Помешајте 2 лажици вода со 2 лажици масло, па премачкјате ја печената, топла пита. Оставете ја покриена со крпа да се подизлади, па послужете ја. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://youtu.be/Mb_58bxf3Hs?si=zW5DFXrRKt1rMEkO