Потребни состојки:
2 јајца
200 мл млеко
100 мл масло
100 г шеќер
200 г брашно
1 прашок за печиво
2 лажици какао
За фил:
1 литар млеко
1 шолја шеќер
7 лажици гриз
200 г кокос
30-40 г бело чоколадо (ако сакате, не мора)
Постапка:
Сварете го гризот во млекото (млекото се става да зоврие, а потоа го додаваме гризот и шеќерот претходно разматени во малку млеко). Гризот се вари на тивок оган околу 10 минути, па се додава кокос и се остава да излади. Филот може целосно да излади, но може да се употреби и млак.
Сите состојки за кора се ставаат во сад за матење па ги матиме рачно или со миксер. Половина од добиената смеса ја излеваме во тепсија 25х34 см, претходно намастена и набрашнета. Се запекува на 170 степени околу 10 минути или додека да фати коричка, во зависност од рерната. Врз кората се распоредува филот, се прелива остатокот од смесата и се враќа во рерна. Се пече уште околу 15-20 минути за да се испече и горната кора.
Овој колач е неопходно да се пече на умерена температура, не ја повишувајте рерната.
Одозгора може да ставите чоколадна глазура или да наросите кокос, а може и така да го оставите зошто кората му е убава и мазна.