Прополисова лековита маст – рецепт според д-р Стојмир Младенов: 80 г вазелин и 20 г ланолин се ставаат во еден сад, кој потоа се става во друг со врела вода. Кога состојките ќе се растопат, постепено се додаваат 10, 15, 20 или 30 г прополис во прав.

Се меша постојано во текот на 10 до 20 минути додека да се добие еднолична смеса. На овој начин се добива 10% / 15% / 20% / или 30% лековита маст. Додека е врела маста се процедува низ газа и се складира во соодветен сад.

Се чува добро затворено, на темно и ладно место. Лекува секакви ра-н и, из.гореници, хемороиди, егзема, трихофитија и др. На прополисовата маст наменета за лекување на егзема и трихофитија може да се додаде 2 до 3 г салицилна киселина за да се зголеми ресорптивната способност.

Денес поради претераната употреба на синтетички антибиотици повеќето микроорганизми се стекнаа со отпорност на нив. Поради тоа, неопходно е да се пронајдат помудри решенија кои ги нуди природата.

На сите ни е познато дека синтетичките антибиотици предизвикуваат различни нуспојави кои се јавуваат веднаш или после некое време од нивното користење, додека даровите од природата немаат несакани последици.

Истражувањата потврдуваат дека во природата постојат мноштво производи со антибиотско дејство. Прополисот е еден од нив. Тоа е совршена намирница која го храни и лекува човековото тело.

Прополисот традиционално се користел преку 200о години. Историските записи откриваат дека прополисот бил важен и ценет производ во медицината на Египќаните, Бабилонците, Арапите, Грците, Римјаните и многу други стари народи.

Целта на секој лекар е Primum non nocere, т.е. првенствено да не му се наш.тети на својот пациент.

Лековито дејство на прополисот

Флавоноидите во најголема мера се заслужни за лековитото дејство на прополисот. 

Овие пигменти се присутни во овошјето, цвеќето и кората од дрвото. Имаат антиоксидативно делување, а нивната улога е заштита на билките од патогени од околината.

Во прополисот се застапени бројни флавоноиди: галангин, кверцетин, кризин, кемпферол, апигенин, пиноцембрин и пинобанксин. Прополисот е еден од оние мудри лекови на природата кој у.бива сè она што му пречи на организмот а истовремено го чува ткивото здраво и неош.тетно, а б олното го лекува.

Со бројни истражувања е утврдено дека прополисот е природен анестетик, антиоксидант, антисептик, антибиотик, дека делува против повеќето вируси вклучително и вирусот на грип. Одличен е во бор-бата против габички и паразити.

Она што го прави исклучителен, е тоа што бактериите не создаваат отпорност на прополисот и нема штетни нуспојави, како што е случај со синтетичките антибиотици.

Прополисот е ефикасен при чирови, из.гореници и уб-оди. Познато е дека прополисот стимулира создавање на нови клетки и регенерација на оштетното ткиво. Се користи за лекување на болести на увото и усната шуплина.

Одлични резултати дава во лекувањето и превенцијата на воспалено грло. Помага при забоболка, парадентоза, непријатен здив, хемороиди, воспаление на уринарни канали и гастритис.

ПОДГОТОВКА НА ТИНКТУРА:

Тинктурата се прави од прополис и алкохол. За приготвување на тинктура се користи 96% а уште подобро 76% етил ал-кохол, на кој е означено дека може да се употребува како прехрамбен продукт. Купувајте исклучиво од аптека.

Во стаклена тегла ставете прополис, а потоа ставете ал-кохол во однос 1:2. Оваа течност чувајте ја 5-7 дена и протресувајте 3 пати дневно. По овој период процедете ја течноста. Можете да кон.сумирате 20-90 капки тинктура дневно, зависно од б олеста, помеѓу оброци, со половина лажица мед, млака вода или чај.

Проблем/решение

Б олки во желудник: 20-30 капки разредени со 30% алкохолна тинктура од прополис, трипати дневно пред јадење.

Калуси/тврдо месо на стапалата: мачкајте се во дебел слој со маст од прополис и фиксирајте со фластер. Оставете да делува преку цела ноќ.

К рвавење: кр-вавење од пов.реда и посе.котина можете брзо да запрете со помош на памук натопен во капки од прополис.

Габични заболувања на кожа: неколкупати дневно мачкајте го заболеното место со крем од прополис, маст или капки.

И згореници: натопете газа во маст од прополис, па ставете преку из.гореницата.

Псоријаза: трипати дневно внатрешно консумирајте 15 капки прополис. Истовремено мачкајте го заболеното место со крем од прополис или маст.

Хемороиди: локално користете маст од прополис, а внатрешно – капки од прополис.

Тегоби со д ишните патишта: направете чај од камилица или мајчина душичка. Додадете 10 капки прополис во сад со топол чај. Покријте ја главата со пешкир и ин-халирајте се неколкупати дневно по пет минути.

Акни, чиреви, дерматитис, егзема: мачкајте ги заболените места неколку пати дневно со квалитетен крем или тинктура од прополис.

Парадентоза: воспаленото забно месо мачкајте го со капки прополис, трипати дневно. Пред тоа добро исперете ги забите со четка.