Фото и рецепт: Марика Стаменковиќ
Се мери со шолја од 200 мл
Потребни состојки:
1 шолја пченично брашно
1 шолја пченкарно брашно
1 прашок за печиво
1 шолја млеко
1 шолја масло
300 г сирење помалку масно
200-300 г обарен спанаќ
Постапка:
Во подлабок сад ставете една шолја пченично брашно, шолја пченкарно брашно и прашок за печиво, па убаво промешајте.
Потоа додајте една шолја млеко и една шолја масло, па повторно промешајте.
Во смесата додајте издробено 300 грама сирење, но подобро е тоа да биде помалку масно за да остане во грутчиња после печењето. Додајте и околу 200-300 г претходно обарен спанаќ.
Убаво промешајте за да се хомогенизира смесата, па излејте ја во претходно намастена и набрашнета тепсија (помала или средна големина). Печете на 200-220 степени додека да добие златножолтеникава боја.
Фото и рецепт: Марика Стаменковиќ