Според Д-р Гарт Веб, доктор по оптометрија од Канада, кој ја измисли таканаречената“Бионичка леќа“, луѓето ќе може конечно да прогледаат.

Бионичката леќа ќе треба да се вградува во човековото око. Ова неверојатно откритие во медицината е резултат на 8 годишно истражување, вредно околу 3 милиони долари. Со вградувањето на бионичка леќа се гарантира 3 пати подобар вид не земајќи ја во предвид возраста на поединецот.

 

Процедурата за вградување на бионичката леќа во окото е безболна и не трае повеќе од десет минути, а резултатите се видливи веднаш. За оваа процедура се вели дека наликува на операција на катаракта (перде на око), а анестезија и престој во болница не се потребни.

 

 

За разлика од ласерската операција, вградувањето на бионичка леќа е многу побезбедно и не предизвикува понатамошни компликации, како проблеми со видот при ноќно возење или при изложување на очите на силна, заслепувачка светлина.

Процесот на вградување всушност се состои од замена на природните леќи во окото кои се склони кон деградација со новите бионички леќи.

Бионичката леќа не предизвикува катаракта или главоболки и не се разградува со текот на времето без разлика колку време ја користите. Станува збор за врвна технологија која е безбедна, долготрајна и максимално ефикасна.

 

Извор: dailymail