Ова е стар народен рецепт за прочистување на црниот дроб од сите токcини и масти кои се насобрале во него. Овој голем оpган делува како филтер на организмот и речиси сè поминува низ него.
Ако е преоптеретен, не може да функционира како претходно, па започнуваат да се натрупуваат мастите и токcините кои требало да се разложат и исфрлат од организмот. Тогаш стануваат видливи знаците за стареење и почнуване да се дебелееме.
Дури и кога не внесуваме многу храна, сепак сè ни се „лепи“. Тоа е знак дека дошло време да се прочисти и одмори организмот со некоја прочистувачка диета, хидратација, чаеви или рецепти како овој.
Ова е еден стар рецепт кој одамна е познат кај народот и порано често се применувал, но денес се чини дека е подзаборавен. Се приготвува од само три состојки, секоја по себе многу моќна, но во комбинација делуваат уште подобро.
Станува збор за лимон, лук и мед. Лукот содржи селен кој многу помага во прочистувањето на црниот дроб и исфрлањето на сето она што му штети. Освен тоа, делува како природен антибиотик и штити од разни микроорганизми.
Особено помага во зајакнување на имунитетот и заштита од сезонски грип. Ја подобрува дигестијата и ги прочистува цревата. Содржи витамин Б6, Ц, селен и магнезиум, го намалува холестеролот и го шити срцето.
Лукот претставува одличен антиоксидант и може да помогне во превенција на деменција и Алцхајмерова болест. Покрај тоа, претставува одлична детокс-состојка кога станува збор за исфрлање на тешки метали од телото или намалување на вишокот килогами.
Лимонот исто како и лукот има одлични антиоксидативни својства, антибактериски и антигабични, го успорува стареењето и го намалува холестеролот, го стимулира дигестивниот систем и прави детокс на телото.
Својствата на медот се одамна познати, но она што е помалку познато е дека пчелин производ кој уште се нарекува „течно злато“, значително го подобрува здравјето на црниот дроб, поради изобилството на антиоксиданти.
РЕЦЕПТ: 2 лимони (сосе кора), 2 главици лук, 125 мл мед. ПОСТАПКА: Лукот излупете го и ситно исечкајте го. Лимонот исечете го ситно сосе кора и отстранете ги семките. Сето измешајте го во една стаклена тегла и залијте со мед.
Добро затворете и оставете да отстои во фрижидер седум дена. УПОТРЕБА: По 1 лажица маутро и 1 лажица еден час пред спиење, со чаша топла вода или млеко. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.
За повеќе корисни рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „ЦРН ДРОБ КАКО НОВ: Домашен сок кој се пие седум дена, а дава многу успешни резултати“ – ОВДЕ.
ЦРН ДРОБ КАКО НОВ: Домашен сок кој се пие седум дена, а дава многу успешни резултати