Кој не би посакал вкусна чоколадна баклава полна со лешници, со мирис на ванила и нота на цитрусно овошје?
Лесна е за подготовка и со неа ќе се обезбедите со благо за целата недела.

Потребни состојки:

  • 500 гр. кори за баклава
  • 300 гр. растопен путер
  • 350 гр. рендана чоколада за готвење
  • 200 гр. мелени лешници
  • 100 гр. мелени ореви
  • 4 лажици шеќер
  • 1 пакетче ванила

За шербетот :

  • 500 мл. вода
  • 750 гр. шеќер
  • 1 пакетче ванила
  • Кора од лимон или два кругови лимон

Постапка:

Се зема една кора се премачкува со растопен путер, па се поклопува со уште една кора и се премачкува со растопен путер.

Се нанесува убаво од филот со чоколадо, лешници, шеќер, ванилин шеќер заедно промешани и корите се виткаат цврсто во тенко сукало.

Се собираат додека се на сукалка да се формираат витки и се ставаат во тавче. Постапката се повторува додека не се потрошат корите и филот. Се полева преостанатиот растопен путер низ целата баклава. Се сечат парчиња. Печете ја баклавата околу 50-60минути на 150 степени.

Во тенџере на оган сварете го шербетот – водата, шеќерот, ванилата и лимонот. Сите овие состојки потребно е да вријат околу 5 минути. Се полева врелиот шербет на млаката баклава. Се покрива со алуминиумска фолија за да го прими шербетот. Сервирајте со екстра мелени лешници или ореви.

Добар апетит и забавно готвење!

За повеќе рецепти посетете ја официјалната ФБ страна на Давор, Dave’s Kitchen.