Лесна и вкусна летна ужинка која долго ќе ве држи сити.
Во секое лепче од овој сочен тост ќе си обезбедите себеси 60 калории, а истовремено и 12 грама интегрални житарици. Со други зборови овој рецепт е вистинко погонско гориво без можност да го оптеретите стомакот. Вистински медитерански рецепт кој ќе го направите за само 5 минути.
Потребни состојки:
Неколку тост лепчиња од интегрални житарици
6 шери домати, исечени на половина
4-5 парчиња краставици
1 лажица тахини намаз од сусам
1 лажица фета сирење
Сол и црн пипер по желеба
Постапка:
Истостирајте го лебот по ваша желба. Врз тостот ставете исечкан домат и краставица, па одозгора намачкајте со тахини намаз и фета сирење. На крај посолете и запиперете по свој вкус.
Нутритивна вредност:
Калории: 201
Протеини: 8 грама
Масти: 10 грама
Јаглени хидрати: 23 грама
Шеќер: 7 грама