Поради своето природно својство долго да остане во свежа состојба, особено преку зима и ладните руски услови, брусницата одамна се нашла меѓу најчесто користените природни состојки од кои се приготвуваат разни народни лекови.
Црвениот плод од брусница има киселкаст, но многу освежителен вкус, а успева во студените делови од северната хемисфера и многу е отпорен на студ – може да издржи температури и до -40 степени Целзиусови.
Токму од брусница се приготвува прочуениот напиток “Морс”, руски лекови напиток за јакнење на имунитетот. Морс во Русија е популарен не само по својот киселкасто-сладок вкус, туку и поради лековитото дејство да го јакне имунитетот, особено во текот на зимскиот период.
БОГАТСТВО ОД ВИТАМИН Ц – Морс е руски народен лек богат со витамин Ц кој потекнува од брусницата, а со оглед на тоа дека се приготвува со мед и лимон, овој напиток може да елиминира разни причинители на инфекција и да ги ублажи сите постоечки воспалителни процеси во телото.
За приготвување на напитокот Морс ќе ви бидат потребни следните намирници: 2 шолји брусница, еден литар минерална или изворска вода, мед по вкус и сок од половина лимон.
РЕЦЕПТ за приготвување на Морс напитокот, чекор по чекор. Брусниците измијте ги и процедете ги во цедалка поставена над длабок сад. Стискајте со некоја чаша или друг соодветен предмет за да ги изгме-чите и од нив да го исцедите сокот.
Откако убаво ќе ги истискате и ќе го исцедите сокот, добиената комина-пулпа “месото” на плодот, односно она што ќе остане од плодот, ставете го во тенџере, прелијте со еден литар вода и оставете да зоврие. Откако ќе озврие намалете го огнот и на тивко оставете да се вари уште 8-10 минути.
Потоа тенџерето тргнете го на страна и оставете го поклопено да отстои уште 20 минути. Потоа повторно процедете ја содржината, односно добиената “чорба” и убаво истискајте за да добиете што повеќе сок.
Измешајте ги првиот свежо исцеден сок со вториот, после варењето на брусницата. Промешајте убаво за да се изедначат течностите, па засладете по желба со неколку лажици мед и додадете исцеден сок од половина лимон (или по вкус). Овој напиток можете да го послужите топол, но и ладен со многу коцки мраз во него.
Доколку сакате овој овошен напиток да го направите уште полековит, тогаш во “чорбата” додадете и заедно сварете издробени зачини како што се кардамом, сув ѓумбир, цимет, каранфилче и зрна од црн пипер. Како се подготвува овој напиток можете да погледнете во видеото ОВДЕ.