Потребни состојки:
500 мл топла вода
150 мл (65 г) млеко во прав
12 г сув квасец
800-900 г брашно
50 г шеќер
1 ½ мала лажичка сол
75 г растопен путер
1 јајце
50 г растопен путер за премачкување
Постапка:
Додадете 150 мл млеко во прав во 500 мл топла вода и растопениот путер. Брашното просејте го па во него додадете го квасецот, шеќер, сол, јајце и топлата вода со млеко и путер.
Замесете фино тесто, на крај додадете малку масло и обликувајте топка. Прекријте и ставете на топло да се удвои волуменот, околу 50-60 минути во зависност од топлината на местото.
Кога тестото ќе го удвои својот волумен, лесно премесете го, побрашнете ја работната површина и истресете го тестото. Развлечете го во кора со димензии 40х45 см, премачкајте ја со растопен путер и исечете правоаголници со димензија 7х15 см.
Секој правоаголник развлечете го малку и завиткајте го во кифла. Редете во тепсија обложена со хартија.
Оставете ги уште околу 30 минути на топло место. Додека кифличките одмораат, загрејте ја рерната на 200 степени и печете ги 20-тина минути, додека да добијат убава румена боја.
Печените кифлички извадете ги и премачкајте ги со врел растопен путер и оставете ги малку да изладат пред послужување.