Home Народна медицина Природна смеса од 3 состојки за брзо и безболно извлекување на гној

Природна смеса од 3 состојки за брзо и безболно извлекување на гној

Природна смеса од 3 состојки за брзо и безболно извлекување на гној…

Со оваа едноставна домашна смеса од само три состојки, можете природно и ефикасно да го извлечете гнојот за само еден ден – без хемикалии и компликации.

Делува врз мозолчиња, чиреви или други повреди на кожата што собираат гној. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки:

– 1 лажичка мед
– 1 лажица брашно
– 1 сирова жолчка

Постапка:

1. Во мала чинија измешајте го медот, брашното и жолчката.
2. Мешајте додека да добиете густа и хомогена смеса.
3. Чувајте ја во фрижидер во затворен сад.

Употреба:

– Нанесете мала количина од смесата директно на чирот или мозолчето.
– Покријте со чиста тенка хартија (на пример, салфетка или газа).

– Менувајте ја преврската на секои 3 часа во текот на денот, чистејќи ја раната пред секое ново нанесување.
– Ноќе оставете ја смесата да делува без промена.

– Забелешка: Ако раната е многу болна, чистете ја нежно и продолжете со нанесување.

Начин на делување:

Оваа смеса делува така што медот ги повлекува нечистотиите и го смирува воспалението, додека брашното и жолчката создаваат заштитен слој кој го „изнесува“ гнојот на површината.

Веќе следниот ден ќе забележите како гнојот излегува природно, без болка или притискање.

Напомена: ова е рецепт од народната медицина и не заменува лекарски совет. Секој индивидуално треба претходно да се советува со својот лекар.