Оман билката има својства да го смирува желудникот, да ги чисти бронхиите, да помага во одбраната против вирусите и паразитите.
Inula Helenium е латинското име на оваа билка која и го должи на истоимената античка убавица.
Одмана се користи како народен лек и лесно е достапна. Може да ја одгледувате во вашиот двор, да го собирате нејзиното семе и повторно да си го одгледувате и користите директно од својата градина.
Од оваа билка можете да приготвувате чај, разни тинктури и мевлеми. Коренот на билката може да се кандира и да се користи како закуска меѓу оброците.
Претставува одлично козметичко средство, па уште одамна старите англосаксонци го употребувале за лекување на кожни заболувања, па дури и на лепра.
Во оваа статија ви го откриваме рецептот за чистење на белите дробови и дишните патишта. Станува збор за една многу лековита билка која малку е подзаборавена кај луѓето, а во фармацијата се користи за изработка на лекови кои служат лекување на бели дробови и кашлица.
Особено се препорачува за лекување на астма и бронхитис. Во случај на сува кашлица оваа билка помага во разбивање на слузта и поттикнува нејзино исфрлање. На тој начин ги прочистува белите дробови и го олеснува дишењето.
Оман (лат.Inula helenium) е лековита билка која со векови се користела во природната, холистичка медицина. Расте на ливади и покрај патишта. Може да порасне и до 2 метри, а нејзините цветови се жолти и малку потсетуваат на цветот од сончогледот.
Лековитиот дел од билката е коренот кој има пријатен мирис но, горчлив вкус. Најмногу се користи за изработка на природни лекови за дишни патишта, односно за чистење на белите дробови и лекување на кашлица.
Се препорачува за лекување на астма и бронхитис. Во случај на сува кашлица оваа билка помага во разбивање на слузта и поттикнува нејзино исфрлање. На тој начин ги прочистува белите дробови и го олеснува дишењето.
Оман содржи етерични масла (камфор, хеленин), инулин, алантонинска киселина, сесквитерпенски лактони, сапонини, стероли и пектин.
Есенцијалните масла од оманот се користеле за лекување на кашлица кај туберколоза, а искуствата покажуваат дека неговиот корен поттикнува лекување на настинки, грип, пневмонија, бронхитис, астма и плевритис.
Оманот може да се користи како тинктура, чај, како есенцијално масло и како комбинација со други лековити природни намирници. Еден од познатите лекови од оман наменет за здравје на белите дробови и дишните патишта е комбинација од мед и коренот од оваа билка.
РЕЦЕПТ: МЕД И КОРЕН ОД ОМАН
Коренот од оман исчистете го добро, исечкајте го на парчиња и ставете го во тегла. Потребно е половина тегла од 750 мл да ја исполните со корен, а потоа другата половина да ја исполните со мед.
Превртувајте ја теглата неколку денови на една страна, па на друга страна, за да можат состојките да се соединат. После неколку денови лекот може да се користи и се препорачува да се чува во фрижидер.
Додека медот ги ублажува иритациите во грлото и белите дробови, оманот има антибактериско дејство и успешно ја разбива слузта во белите дробови.
Кога имате проблем со кашлица, а може и превентивно, секој ден консумирајте по една лажица од овој природен лек.
ПРИРОДЕН МЕВЛЕМ ЗА РЕСПИРАТОРНИ ПРОБЛЕМИ
Кашлица, астма и бронхитис се состојби кај кои чајот приготвен од корен на оман многу помага. Тој го олеснува искашлувањето и исфрлањето на слузта од бронхиите. Како лек за дишни органи се користи и за инхалирање.
Рецептот е едноставен:
Во вода сварете 100 г корен од оман, а потоа наведнете се врз садот и длабоко вдишувајте ги благотворните испарувања.
Ја смирува надразнетата слузокожа на грлото и спречува сува кашлица. Оман билката содржи фитохемикалии кои благотворно влијаат врз бронхиите, па се користи како лек за бронхитис, бронхијална астма и туберколоза. Спречува спазам на бели дробови.
КАКО СЕ ПРАВИ ЧАЈ ОД ОМАН
Половина лажичка издробен корен од оман прелије со шолја врела вода. После 10 минути процедете го чајот.
Втор начин: три лажици сув корен од оман прелијте со 600 мл ладна вода, па оставете поклопено да отстои два часа. Потоа процедете го. Бидејќи има малку горчлив вкус, добро е да го засладите со малку мед или стевија.
ПРИРОДЕН СИРУП ЗА КАШЛИЦА
50 г корен од билка сварете во 500 мл вода. Откако ќе зоврие оставете на тивко да се вари 20-тина минути. Потоа, додека е сè уште топол исечкајте го и измешајте го со половина кг мед. Оман билката е универзален лек против настинки, грип и за јакнење на имунитетот кај деца и настинки.