Доколку ги следите актуелностите во врска со убавината и ви се допаѓаат стиловите и начините на кои се негуваат дамите од Кореја, веруваме дека ќе ве интересира оваа тема.
Имено, ви го претставуваме овој напиток кој е многу застапен во азиските земји и кој е тајна за порцеланскиот тен на нејзините жители. Со редовна, секојдневна консумација веќе после првата недела ќе ги забележите првите резултати.
Напитокот може да се консумира во многу подолг период, бидејќи се состои од природни состојки кои му годат на здравјето на целокупниот организам.
Станува збор за млекото од банана и може сами да си го приготвите дома. Во продолжение прочитајте го историјатот, кога и како започнало да се консумира во Кореја, за неговите бенефити и начинот за неговото приготвување.
ИСТОРИЈАТ
Во текот на 70-тите години од минатиот век корејската влада одлучила да го истакне значењето за употреба на млекото во секојдневната исхрана, со цел подобрување на здравјето на нацијата.
Меѓутоа, за многумина вкусот на кравјото млеко не бил привлечен, па компанијата Binggrae 15 години подоцна започнале да произведуваат нов, досетлив производ. Во продажба се нашол напитокот во кој била додадена банана, а резултатот бил одличен. Вестите веднаш се рашириле, прво низ соседните земји, а подоцна и во одалечените земји како што се Нов Зеланд, Канада како и Америка. Со текот на времето млекото од банан станало омилено, како за пијалак, така и за нега на кожата, косата и здравјето во целина.
БЛАГОДЕТИ
Овој напиток е богат извор на витамините А, Б2, Б6 и Ц. Потоа богат е со калиум кој ја намалува нервозата, еден од најголемите непријатели на кожата. Покрај тоа, со внесување на овој минерал се спречуваат грчеви во мускулите што е важно за луѓето кои се занимаваат со спорт. Состојките од бананата поволно делуваат за создавање на колаген и одржување на тонусот на кожата. За крај, ја издвојуваме улогата на витаминот Е кој помеѓу останатото, ја јакне косата и ја враќа еластичноста на крвните садови.
РЕЦЕПТ ЗА БАНАНА-МЛЕКО
Потребни состојки:
400 мл кравјо/бадемово или млеко по вкус
2 зрели банани
1 лажичка цимет
1 лажичка куркума
Постапка:
Излупете ги бананите и исечкајте ги на тркалца, па ставете ги во блендер заедно со млекото. За уште подобро дејство додадете цимет или куркума, по желба и вкус. Изблендирајте добро додека да се изедначи смесата.
Послужете веднаш како утрински напиток за енергија или сочувајте го во фрижидер, па подоцна консумирајте го како освежителен коктел со неколку коцки мраз.