Најдобар начин за заштита од болести е силниот имунитет. За да го зајакнете имунитетот потребно е здраво да се храните, да бидете физички активни и колку можете повеќе да престојувате на чист воздух.
Меѓутоа, секогаш е добро да го имате овој моќен напиток при рака, во случај да бидете на-пад-нати од разни вирусни или бактериски инфекции.
Ова е најмоќниот природен антибиотик, а можете да го направите сами. Оваа лековита мешавина која потекнува од старо време, е сè уште актуелна, содржи антибактериски, антивирални и антигабични својства.
Состојките кои се потребни за приготвување на оваа лековита мешавина – природен антибиотик, се лесно достапни и можете да ги купите од локалниот зелен пазар или супермаркет.
Овој тоник им помогнал на голем број луѓе да се излекуваат од разни вирусни, бактериски, паразиткси и габични заболувања, па дури и од самата чу-ма. Неговото силно дејство не треба да се потценува.
Може да ги излекува повеќето хронични состојби и болести. Поттикнува максимална циркулација на кр-вта, а истовремено и ја прочистува од ток-сините. Оваа формула им помогнала на милиони луѓе низ вековите да се изборат со голем број с-мрт-оносни болести. Тајната е во моќната комбинација на врвни природни и свежи состојки.
Потребни состојки: 700 мл домашна јаболкова киселина (органска), ¼ рендан корен од ѓумбир, ¼ шолја рендан лук, 2 ситно сечкани лути пиперчиња, 2 големи полни лажици рендан рен, 2 големи лажици куркума во прав и ¼ шолја рендан кромид
Постапка: постапката е многу едноставна. Потребно е сите намирници убаво да ги измиете и да ги исчистите или излупите. Потоа ситно изрендајте ги или сомелете ги. Ставете ги во една голема стаклена тегла, промешајте и прелијте ги со јаболковата киселина.
Теглата добро затворете ја со капак и оставете ја на темно и ладно место да отстои две седмици. Повремено во текот на тие две седмици отворајте ја теглата и промешувајте ги состојките.
Употреба: секој ден се консумира по една лажица од смесата, а доколку сте болни, може по две лажички, една наутро и една навечер.
II Силен природен антибиотик против вируси, бактерии и габи
Оваа тинктура е силна и нема многу пријатен вкус, но затоа е исклучително лековита и помага во ублажување на некои тегоби, а особено кога постојат инфекции во организмот.
Тинктурите се многу добри природни лекови, но треба да ги консумирате во нормални количини кои се пропишани, бидејќи се многу силни. Се приготвуваат со ал-кохол, но може да се приготвуваат и со јаболкова киселина како што ќе прочитате во следниот рецепт.
Некои предности на оваа тинктура: јаболковата киселина има силно антимикробно делување, а се покажало и дека го намалува холестеролот; јаболковата киселина е антифунгална, антибактериска и антивирусна; го јакне имунолошкиот систем.
Потребни состојки: 1 лута пиперка, 2-3 чешниња лук, 1,5-2 см корен од ѓумбир, 2-3 см корен од магдонос, јаболкова киселина по потреба. *Количините од состојките можете да ги зголемите
Постапка: сите билки ставете ги во сад и прелијте ги со јаболкова киселина колку да се прекријат. Затворете го со капак овој тоник и оставете го на ладно место, да отстои 1-2 седмици. Повремено промешувајте.
По изминатиот период смесата процедете ја низ газа. Добиената тинктура складирајте ја во стаклено, темно шише. Се чува на ладно и темно место.
Начин на употреба: консумирајте по мала ракиена чаша дневно од оваа тинктура, околу 20-30 мл. Најдобро е да започнете со една супена лажица растворена во чаша вода. Ќе ви помогне при инфекции на гастроинтестиналниот тракт, а притоа ќе го зајакне и имунитетот.
Напомена: Тинктурата мора да ја консумирате во помали количини бидејќи оцетот ја разредува кр-вта. Затоа можете и малку да го разблажувате со вода.
III Природен антибиотик: ставете 5 капки на коцка шеќер и растопете во уста
Лукот има антибактериски и антивирусни својства поради состојката алицин што ја содржи во сирова состојба. Сирупот од лук е одличен за повеќето инфекции на бели дробови, вклучително и б олки во грлото и засипнатост, кашлица, астма, потеш-котии во дишењето, како и за хроничен бронхитис.
Потребни состојки: 1 главица лук, ½ шолја вода, ¼ шолја домашна јаболкова киселина, ½ шолја мед
Постапка: исечкајте го лукот и додадете ги останатите состојки. Смесата се остава цела ноќ. Потоа процедете и оставете на ладно место. Консумирајте по една лажичка на секои неколку часа додека да почувствувате олеснување – доколку веќе сте болни, а ако не сте, тогаш по 5 капки на коцка шеќер секој ден.