Обично не сме ни свесни дека нивото на шеќер ни се покачило и дека имаме сериозен здравствен проблем. Ова најчесто го дознаваме на редовен систематски преглед и никогаш не смее да се занемарува.

Кога ќе ги добиете резултатите од тестот за зголемен шеќер во крвта, вашиот лекар ќе ви даде избор: да започнете инсулинска терапија (во екстремни слуачи) или да се обидете со природна диета да го регулирате нивото на шеќерот во крвта.

Голем број успеваат да се излечат и да го одржат во нормално ниво шеќерот во крвта со помош на овој природен лек:

Потребни состојки:

– Корен од рен, средна величина (околу 20 см долг, широк 2 см)
– 5-6 чешниња лук
– 2 пива (вкупно 1 литар)
– 100-200 мл јаболкова киселина

Постапка:

Неколку пати добро измијте го ренот. Оставете да отстои 15-20 минути во вода во која сте додале шолја јаболкова киселина. Без лупење исечкајте го ситно, изрендајте го или сомелете го. Заедно со ситно сечканиот лук ставете го во поголем стаклен сад, па прелијте го со пиво.

Затворете ја теглата и оставете ја да отстои 10-тина дена на темно и ладно место (НЕ во фрижидер). Потоа можете да започнете со консумирање на следниот начин:

Консумирање:

– Првите два дена, две лажички трипати дневно.
– Потоа се користи по една лажичка трипати дневно.
– Третманот трае еден месец.