Освен природниот лек за водени цисти кој се приготвува од корен на магдоносот (рецептот можете да го прочитате подолу во текстот), овојпат познатиот билкар од Велес, Мартинј Најдовски, ни открива како се приготвува природен лек со трупка.
„Сега е времето кога максимално треба да ја искористиме белата трупка. Белата трупка е исклучително богата со витамини и минерали, а особено ставам акцент на супстанцијата сулфорафан, која според научните истражувања се смета дека има голем потенциjaл во лекување на maлигните заболyвања“, вели Мартин.
„Имено, се очекува дека оваа супстанција ќе биде дел од идните лекови за канцep. Трупката е чистач на kpвта, врши детокc на целиот организам, а токму овој рецепт кој го споделувам со вас, може да ви помогне во решавањето на проблемите со циcти, а во некои случаи и кај миomи.“
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 250 мл сок од бела трупка (може да измешате бела и црна трупка во комбинација, важно е да добиете 250 мл сок од трупка), 500 г мед, не е важно каков, но јас секогаш препорачувам ливадски
ПОСТАПКА: Се мешаат двете состојки заедно додека да се добие изедначена смеса. Се складира во стаклени теглички и се чува во фрижидер. УПОТРЕБА: По една супена лажица, трипати на ден, половина час пред јадење.
Пред употреба треба добро да се промеша лекот. Овој лек се употребува за секаков вид на циcти, особено за циcти на jaјници и дава одлични резултати. Подолу можете да го прочитате рецептот за приготвување на природен лек кој се добива со помош на корен од магдонос:
ЛЕК ПРОТИВ МИОМИ И ВОДЕНИ ЦИСТИ СПОРЕД РЕЦЕПТ НА БИЛКАРОТ МАРТИН НАЈДОВСКИ.
„Би сакал да напоменам дека овој лек освен за миом на матка и јајници, исто така, може да се употреби и за цисти, особено за водени цисти. Ја прочистува кр-вта и ја подобрува циркулацијата, па на тој начин се користи како лек за бројни болести. Единствено не смеат да го користат луѓе со низок притисок“, вели Мартин Најдовски.
„Овој лек одлично делува за сите оние со висок притисок, помага за прочистување на бубрезите, при уринарни инфекции, покачени вредности на холестерол и триглицериди. Еве што ви е потребно за да го приготвите овој природен лек:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г корен од магдонос и 1 кг чист пчелин мед. ПОСТАПКА: Коренот добро се мие под млаз ладна вода, се отстранува нечистотијата (може да отстои малку време во раствор со оцет или сода бикарбона, по што повторно се мие). Потоа се блендира или меле, па се меша со медот. Лекот се чува во фрижидер.
УПОТРЕБА: Се користи трипати дневно по една супена лажица, половина час пред јадење. Обично поминува по искористени две или три д ози, меѓутоа честопати има резултати и со само една д оза“, објасни билкарот.