Магдоносот е билка која на нашите простори ја има во текот на целата година. Се користи најчесто свежа, како дел од салати и супи, но и сува, како зачин за разни јадења. Листовите на магдоносот се одличен извор на витамин А, Ц и К, а уште од минатото била позната и користена како лековита билка.




Го користеле и римските гладијатори, кои верувале дека магдоносот ќе им ја даде потребната сила и брзина. Магдоносот е богат со минерали како што се: калиум, магнезиум, калциум, фосфор и железо.




Коренот содржи четири пати повеќе витамин Ц од лимонот. Богат е и со етерични масла и флавоноиди кои делуваат како антиоксиданси и го штитат телото од штет-ното дејство на слободните радикали.




Магдоносот се употребува кај настинки, за намалување на симптомите на грип, артритис и ревматски болки, гихт и како значаен дел од исхраната на дијабетичарите. Помага во регулација на високиот кр-вен притисок и како диуретик.




ЛЕКОВИТОСТ НА МАГДОНОСОТ. Витаминот Ц кој се содржи во магдоносот, го олеснува апcopбирањето на железото и ги намалува шансите да се добие настинка, воспаление на грлото или на ушите.




Делува како диуретик кој го опyшта дигестивниот систем и ја намалува надуеноста на стомакот и го поттикнува исфрлањето на от-ровите од организмот, па заради тоа се користи како лек за гихт и артритис.




Чајот од семето се користи за намалување на главоболките и на асмата. Ги ублажува убо-дите од инсекти и из-горениците и делува како антисептик на ра-ни. Се препорачува и за олеснување на мен-струални б олки.




Магдоносот е добар извор на фолна киселина која е важна за работа на срцето и општо за целокупниот кардиоваскуларен систем. Сокот од магдонос дава сјај на косата. Џвакањето на свежи листови од магдонос помага за ублажување на лошиот здив.




ЛЕК ПРОТИВ МИОМИ И ВОДЕНИ ЦИСТИ СПОРЕД РЕЦЕПТ НА БИЛКАРОТ МАРТИН НАЈДОВСКИ.

„Би сакал да напоменам дека овој лек освен за миом на матка и јајници, исто така, може да се употреби и за цисти, особено за водени цисти. Ја прочистува кр-вта и ја подобрува циркулацијата, па на тој начин се користи како лек за бројни болести. Единствено не смеат да го користат луѓе со низок притисок“, вели Мартин Најдовски.




„Овој лек одлично делува за сите оние со висок притисок, помага за прочистување на бубрезите, при уринарни инфекции, покачени вредности на холестерол и триглицериди. Еве што ви е потребно за да го приготвите овој природен лек:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г корен од магдонос и 1 кг чист пчелин мед. ПОСТАПКА: Коренот добро се мие под млаз ладна вода, се отстранува нечистотијата (може да отстои малку време во раствор со оцет или сода бикарбона, по што повторно се мие). Потоа се блендира или меле, па се меша со медот. Лекот се чува во фрижидер.

УПОТРЕБА: Се користи трипати дневно по една супена лажица, половина час пред јадење. Обично поминува по искористени две или три д ози, меѓутоа честопати има резултати и со само една д оза“, објасни билкарот.