Би сакала да споделам со вас еден стар лек за искашлување на лепливата слуз од белите дробови, кај деца и возрасни, а која се смета за главен ви-новник за почетен бронхит.

Па, еве еден природен помошник кој ќе помогне да се спречи спуштањето на густата и леплива слуз во долните дишни патишта. Инаку, јас и мојата ќерка лично бевме и сè уште сме, негови дегустатори уште од нејзината неполна втора година…и тоа успешно за наша радост.

Овој рецепт ми го даде моја драга пријателка која инаку работи во аптека, уште пред дванаесет години. Во тоа време честопати ја водев малата и купував разни лекови поради отеж-нато д ишење, а се маче-ше и со искашлување.

Никаков сируп кој што ќе ни го препишеа не и делуваше и не и помагаше…„Пробај, ова е од мојата баба“, ми рече мојата драга пријателка од аптека. И благодарам и нејзе и на нејзината баба, благодарни сме со ден денешен.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ВОЗРАСНИ: 500 г ливадски мед (може и некој посилен, важно е да е квалитетен и природен), исцеден сок од 1 лимон, 3 супени лажици ленено семе, 1 супена лажица бел синап (тоа е она ситно семе од кое се прави сенф, а може да се најде во билна аптека)

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ДЕЦА НАД ДВЕ ГОДИНИ: 500 г ливадски мед (или некој друг светол мед, домашен и природен), сок од исцеден 1 лимон, 2 супени лажици ленено семе и 1 супена лажица семе од бел синап

ПОСТАПКА: лененото семе и семето од бел синат ставете ги во блендер или машина или што и да имате по дома, па сомелете ги во фин прав. Земете еден голем лимон или два помали, па исцедете го сокот.

синап

Во теглата со мед додајте го лимоновиот сок и мешајте со долга дрвена лажица. Убаво промешајте додека медот да се разреди. Ако медот ви бил претходно кристализиран, тогаш ставете ја теглата мед во тенџере со топла вода и оставете го да се растопи.

синап

Во вака разреден мед, откако убаво ќе се соедини со лимоновиот сок, додајте ги мелените лековити семиња и со лажицата повторно сето измешајте го додека да добиете убава и компактна смеса. Поклопете и чувајте во фрижидер (под капакот најдобро е да ставите целофан).

УПОТРЕБА ЗА ДЕЦА: Трипати по една мала лажичка за деца над две години (со претходна конcyлтација со лекар за да се одбегне евентуална алергија на мед). УПОТРЕБА ЗА ВОЗРАСНИ: Трипати по една супена лажица.

СОВЕТ: Бидејќи смесата содржи лимон, најдобро и препорачливо е да се чува во фрижидер. Јас овој природен лек секогаш го користам кога грлото ќе почне да ме гребе, а исто така го користат и целотро мое семејство, а особено кога ќе дојде есен и зима, почнува цела поблиска фамилија да ми чука на врата… за рецептот секако. Бидете здрави!