Home Народна медицина Природен лек против габични инфекции на ноктите од нозете

Природен лек против габични инфекции на ноктите од нозете

Габичките на нозете почесто се среќаваат кај мажите отколку кај жените, и тоа особено кај оние мажи во чија фамилија со генерации се јавува оваа инфекција. Факторите кои го зголемуваат ризикот од појава на габички на ноктите се: прекумерно потење, работа во влажна околина, користење на чорапи и обувки кои го отежнуваат “дишењето” на ногата и не ја впиваат потта, одење без обувки на влажни места како што се базени, теретани и јавни бањи, атлетско стапало, повреди на ноктите, дијабетес, псоријаза, проблеми со циркулацијата и ослабен имунолошки систем.

ПРИРОДНИ ЛЕКОВИ ПРОТИВ ГАБИЧКИ НА НОКТИТЕ

Многу е важно во лекувањето на габичките на ноктите да бидете истрајни, бидејќи резултатите може да согледаат дури после месец-два од лекувањето.

ЈАБОЛКОВА КИСЕЛИНА

Многу е корисна и ефикасно домашно средство во борбата против габичките на ноктите. Потопете ги нозете во леген со 1 литар топла вода и половина шолја јаболкова киселина. Исто така, јаболковата киселина со помош на натопен памук можете да ја нанесувате на инфицираниот нокт трипати дневно, додека да се излекува.

ЛУК

Лукот е моќен природен антибиотик кој се користи за елиминација на габичките од нозете. % чешниња лук ставете во 100 мл вода да зовријат. Потоа водата истурете ја во легенот и додадете уште вода колку да бидат ноктите покриени. Нозете киснете ги 15 минути. Постапката повторувајте ја секојдневно во текот на 4 седмици или додека да забележите подобрување.

-Во шишенце со проѕирен лак додадете 1 ситно сечкано чешне лук, 1 капка лимонов сок и 5 капки јод. Оставете да отстои две седмици. Потоа промешајте и 15 дена по ред нанесувајте по еден слој врз ноктите. 16. ден тргнете го слојот со ацетон. 17.ден повторете ја постапката додека фабичките да исчезнат.

-исто така, можете иситнет лук директно да нанесувате врз ноктите и да го оставите да делува 30 минути. Стапалата мора да бидат чисти пред да ги примените овие методи на лекување.

СОЛ

Измијте ги нозете и не ги бришете, туку додека се влажни нанесете сол и облечете чорапи. Овој процес повторувајте го двапати дневно.

МАСЛО ОД ЧАЈНО ДРВО

Најефикасниот природен лек за елиминација на габичките е етеричносто масло од чајно дрво. Се нанесува директно врз ноктот, 2-3 пати дневно, додека да ги добиете саканите резултати.

Пред да го употребите ова масло, бидете сигурни дека не сте алергични на масло од чајно дрво.