Здраво на сите, сакам да ви покажам како сами можете да си приготвите еден одличен лековит сируп од природни состојки. Мене и на моето семејство ни има помогнато многупати кога сме имале здравствен проблем со грло и бели дробови, а особено со упорната кашлица – Јелена.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 банани, 400 мл вода (две чаши), 2 супени лажици природен мед и 2 супени лажици шеќер.
ПОСТАПКА: Најпрво шеќерот мора да се карамелизира, па затоа ставете го во некое помало тенџере или ѓезве и загревајте го на минимална температура додека да се растопи.
Кога шеќерот ќе започне да се растопува, промешувајте го и внимавајте да не ви загори. Потребно е да добие боја на карамел.
За тоа време излупете две големи, зрели банани, па исечкајте ги на помали парчиња, а потоа со помош на виљушка испасирајте ги додека да добиете пире.
Во карамелизираниот шеќер додајте вода и повторно вратете го на оган за да зоврие и да се растопи шеќерот. Потребно е да се вари околу 2 минути.
Во пирето од банани додајте мед и промешајте за да се изедначи смесата. После две минути (колку што и беше потребно на водата да се готви заедно со карамелизираниот шеќер), започнете со додавање на течноста во бананите.
Постепено додавајте ја карамелизираната вода во пирето од банани и мешајте. Откако добро ќе ја промешате смесата, поклопете го садот со чинија или капак и оставете така да отстои половина час.
По изминатото време процедете го подготвениот сируп, низ цедалка, сито или газа. Добро истиснете ги бананите, да излезе што повеќе содржина од нив.
Вака приготвениот сируп складирајте го во чиста, претходно стерилизирана стаклена тегла. Се чува во фрижидер. Употреба: Оваа количина ви е доволна за еден ден. Поделете ја на две еднакви д ози и пијте 12 часа, наутро и навечер.
Повторете ја постапката додека кашлицата целосно да помине. Овој сируп освен што ќе ја ублажи кашлицата и б олките во грлото, исто така, ќе помогне и за полесно исфрлање на слузта од белите дробови и бронхиите. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.