Секој кој имал инфекција на уринарниот тракт знае дека истата може да биде болна и упорна: константна потреба за мокрење, иако не успевате да мокрите, чувствувате болка и притисок.
Дури и ако мокрите, чувството додека го правите тоа е многу болно. Меѓутоа, некои природни антибиотици можат ефикасно да помогнат при решавање на ваквите проблеми.
Секоја петта жена добива воспаление на бешиката речиси секоја година, а инфекцијата ја предизвикува бактеријата Ешерихија коли.
Меѓутоа, доколку сакате да се ослободите од уринарната инфекција по природен пат, ви претставуваме еден од најделотворните природни антибиотици кои ја елиминираат оваа непријатна појава веќе после првиот третман.
Потребни состојки:
250 г корен од магдонос
250 г лимонова кора
250 г мед
200 мл маслиново масло
Постапка:
Исечкајте го коренот од магдонос на ситни парчиња и ставете го во блендер заедно со лимоновата кора, медот и маслиновото масло. Измешајте ги сите состојки. Смесата чувајте ја во фрижидер.
Примена:
Консумирајте по една лажица од добиениот лек секое утро на празен желудник.
Еве уште неколку совети за подобрување на здравствената состојба на мочниот меур и мокрачните канали.
Еве што МОРАТЕ да правите за да ги спречите уринарните инфекции:
Пијте повеќе течности
Иако ова не звучи како вистински лек, консумирањето на многу течности е една од најважните работи кои можете да ги направите за вашата бешика.
И покрај фактот дека ќе ги елиминирате бактериите од вашето тело, водата ќе ви помогне да мокрите кога имате потреба да уринирате. Пијте по 8 чаши вода дневно, или повеќе, ако можете.
Не ги одложувајте вашите физиолошки потреби
Не ја задржувајте урината и не го одложувајте одењето во тоалет. Задржувањето на урината им помага на бактериите да се размножуваат. Редовното мокрење го намалува бројот на бактериите и шансите за инфекција.
Консумирајте чај од магдонос:
Магдоносот поседува диуретски својства. Консумирањето на чајот не само што ќе ве освежи, туку исто така, ќе го забрза и процесот на излекување.
Пијте чај од магдонос за да ги ублажите и спречите уринарните инфекции. За приготовка на овој чај потребни се 2 лажички сув магдонос и 250 мл вода. Ставете го магдоносот во врела вода и оставете да отстои 10 минути.
Јадете краставица
Овој зеленчук е идеален за чистење на мочниот меур поради високата содржина на вода. Краставицата ќе обезбеди доволно течности и ќе помогне да се ослободите од бактериите.
Консумирајте сок од брусница
Сокот од брусница е одличен за спречување и многу добра алатка за лекување на инфекции на уринарниот тракт. Се’ што треба да направите е да пиете 2 чаши незасладен сок од брусница секојдневно.
Консумирајте чај од лук за уништување на бактериите
Исчистете неколку чешниња лук, испасирајте ги и ставете ги во топла вода. Нека остане потопен пет минути пред да ја испиете течноста. Овој чај поседува антибактериски својства.
Сода бикарбона како напиток против пецкање
Штом ги забележите првите знаци на пецкање, ставете ¼ лажичка сода бикарбона во 125 мл вода. Пијте по две чаши вода редовно пред да ја испиете претходно приготвената смеса.
Напомена:
Одбегнувајте кофеин и чоколадо. Овие намирници им помагаат на бактериите побрзо да се размножуваат и побрзо да го нападнат уринарниот тракт.