Габичната инфекција на нокти е сериозен проблем и мора навремено да се санира за да не дојде до влошување на состојбата. Постои еден природен лек за лекување на оваа состојба од народната медицина, а се приготвува од две состојки кои речиси ги има во секое домаќинство.

Куркумата има силно антисептично дејство и спречува развој и ширење на габичките кои најмногу се всадуваат на ноктите од стапалата. Во комбинација со сок од лимон, може да приготвите паста со која ќе ги уништите габичките.

Покрај тоа, таа ги храни кутикулите и ноктите, па благодарение на лимонската киселина ефикасно ги елиминира и жолтите дамки од ноктите. Еве како се приготвува овој природен лек:

Потребни состојки:

1 полна лажица куркума во прав
2-3 лажици свежо исецеден сок од лимон

Постапка:

Убаво промешајте додека да добиете еднолична мазна паста. Вака приготвената смеса нанесете ја на зафатеното место (претходно измиено) и оставете да делува 20 минути.

Потоа исплакнете со топла вода. Повторувајте ја постапката секојдневно, еднаш до двапати, додека да се повлечат симптомите.

Напомена: За да се забрза процесот на излекување, се препорачува 20 минутно киснење на стапалата во солена вода во која сте додале 1-2 лажици јод и 2 лажици сода бикарбона.

Во архивите на НМД имаме сочувано и еден стар, но ефикасен народен рецепт за лекување на сраснат нокт и габички за три дена.

Потребни состојки:

1 лажица кантарионово масло
1 лажица брашно
1 лажица шеќер во прав

Постапка:

Измешајте ги состојките додека да добиете хомогена смеса. Добиената лековита смеса нанесете ја на прстот, завиткајте со газа и оставете да делува преку цела ноќ. Постапката се повторува три ноќи по ред. На овој начин ќе се ослободите од габичките на ноктот, а за сраснат нокт потребно е постапката да се повторува повеќе пати.

Постапката и деталите погледнете ги во видеото: