Белките се богат извор на протеини кои содржат малку масти, па можете да ги конcyмирате во неограничени количини. Сепак, жолчките и белките не мора да се внесуваат во организмот преку исхраната, туку можете да ги нанесете и директно на кожата.
Тие играат важна улога во peгенерацијата на кожата, но и на косата и ноктите. Но, причината поради која е пожелно да се нанесуваат белките на кожата се многубројните минерали. Белките содржат калциум, фосфор, магнезиум и селен.
Белки за лице – употреба: Кога ќе скршите јајце, прво внимателно одвојте ја жолчката од белката. Сите искусни домаќинки веќе го совладале овој трик, па не би требало да имате некои поголеми потешкотии.
Како што знаете, сировите белки имаат леплива структура. За полесно нанесување на кожата на лицето, прво треба да изматите цврст снег од белките. Тоа можете да го направите со обична виљушка или миксер. Она што е важно е да добиете кремаста пена, која лесно може да се намачка на лицето.
Кога ќе нанесете белки на лицето, првото нешто што ќе забележите е дека маската на лицето се „топи“. Ќе почне да се суши многу брзо и на крајот ќе почне да се собира, речиси до точка на пyкање. Она што е лековитото кај белките, е токму нивната леплива структура. Речиси ја попpава кожата на лицето и има извонреден ефект врз бpчките и затегнyвањето на лицето.
Веднаш ја затегнyва опyштената кожа, како некој третман за „лифтинг“. Кога ќе ја отстраните маската, со неа ќе си зaминe и целата нечистотија од површината на кожата, слојот од мpтви клетки и се што се таложи на дневна основа. Ќе ги отcтраните бактериите и микроорганизмите, вклучувајќи го и вишокот на себум (природни масла кои ги лачи кожата).
Она што останува по нанесувањето на белката е чиста, освежена и зaтегната кожа на лицето. Белките можете да ги користите самостојно или да ги комбинирате со нешто друго. Еве неколку примери, за различна примена на белките:
БЕЛКИ И ШЕЌЕР ЗА ЛИЦЕ: Списокот на намирници со кои можете да ги комбинирате белките како маска е неограничен, но белките во комбинација со шеќер се одлични поради неколку причини. Без разлика дали користите кафеав или обичен шеќер, ефектот нема да изостане.
Причина за тоа е зрнестата структура на шеќерот, поради што се прави домашен пилинг на лицето. Шеќерот можете да го користите со маслиново масло, јогурт или, како во овој случај, со белка од јајце.
Прво изматете ги белките, а потоа додајте малку шеќер. Со лажица лесно измешајте ги состојките. Во овој случај не користете миксер бидејќи може да се распадне и целосно да го раствори шеќерот, што нема да биде од корист при постигнување на ефектот на ексфолиација.
Шеќерот е потребен за да се направи нежна масажа на лицето додека ја нанесувате маската, па затоа треба да остане во зрнеста структура. Откако ќе ја нанесете маската на целото лице, оставете ја да делува 20-тина минути. Потоа исплакнете го лицето со млака вода. По отстранувањето на маската, кожата на лицето ќе стане посвежа и затегната, а лицето ќе биде помеко и понежно на допир.
Наместо шеќер, можете да ставите една кафена лажичка мед. Маска за лице од белка од јајце и мед. Маските за лице со мед се многу популарни, бидејќи медот е познат како одлична храна за кожата на лицето.
Со оглед на тоа што има подобар избор на здравствени придобивки од шеќерот, дамите ширум светот својата доверба ја полагаат на медот кога негата на лицето е во прашање. Богат по состав, со многу минерали и вредни витамини за кожата на лицето.
За да направите маска за лице која е наменета првенствено за нега на мрсна кожа, треба да додадете една лажица мед на цврстиот снег од една белка од јајце. Смесата ќе стане уште полеплива, но не грижете се за тоа.
Важно е дека оваа комбинација совршено ги чисти порите, ги отстранува нечистотиите и мастите од лицето, ги смирува воспалителните процеси и да ја подобрува состојбата на кожата. За некои поубедливи резултати, треба да ја користите оваа маска најмалку двапати седмично.
Маска за лице од белка од јајце и лимон. Лимонот ја подмладyва и избелyва кожата на лицето, а често се користи и за изедначување на тенот. Доволно е да ги збогатите белките со една кафена лажичка сок од лимон. Смесата веднаш ќе добие неодолив мирис.
Маската од белката и лимонот нанесете ја со прсти или со четка на претходно исчистената кожа на лицето. Како и обично, почекајте маската да се исуши. Ќе ви требаат околу 20 минути. Потоа, измијте ја кожата на лицето со млака вода или разладен чај од камилица.
Оваа маска со лимон применувајте ја исклучиво навечер, а наутро добро исплакнете го лицето бидејќи лимонот има фотосензитивен ефект и може да ви направи дамки на лицето доколку се изложите на сончева светлина.