Фото и рецепт: Лилјана Марјановиќ

За многумина принцезите се готварска трагедија бидејќи не им успеваат од првпат, од вторпат, па ниту од третпат, бидејќи се нетрпеливи па ја отвораат рерната додека тие се печат, а исто така, многу е важен и односот на количините од состојките во тестото.

Затоа пробајте го овој рецепт со точни количини, па ќе ви успее од првпат, гарантирано.

Потребни состојки:

200 мл вода

100 мл масло

1 лажица шеќер

1 прстофат сол

150 г остро брашно

4 јајца

За крем:

700 мл млеко

2 ванилин шеќер

5 жолчки

8 лажици шеќер

2 лажици густин

2 пудинг од ванила

20 г путер

200 мл слатка павлака

Уште е потребно:

200 мл слатка павлака за украсување

Постапка:

Водата, маслото, шеќерот и прстофат сол се става на оган да зоврие.

Кога ќе зоврие се трга од оган и му се додава брашното.

Промешајте за да се соединат водата и брашното.

Повторно вратете на оган и мешајте околу 2 минути на средна температура, додека смесата да почне да се одвојува од шерпата и да се гормира во топка.

Добиената смеса оставете да излади.

Веднаш пригответе го кремот, да може да излади додека да бидат готови крофните.

Изматете ги жолчките и шеќерот.

Во изматените жолчки додадете 100 мл млеко, густин и пудинг. Сето добро измешајте го.

600 мл млеко и ванилин шеќер ставете да зоврие.

Во зовриеното додадете ја приготвената смеса од жолчки и пудинг, намалете ја температурата и мешајте додека да се добие фина мазна смеса.

Тргнете од оган и во врело додадете путер и мешајте да се растопи и спои. Покријте со проѕирна фолија за да не се прави кора и оставете да излади.

Додека се лади кремот, пригответе ги крофните.

Во изладената смеса од брашно додадете јајца, едно по едно со постојано миксање.

Ако после 4 додадени јајца смесата ви се чини ретка, не додавајте повеќе јајца, подобро е смесата да биде погуста за да не се разлева при истиснувањето со шприц.

Добиената смеса ствете ја во слаткарска вреќичка со ѕвездест продолжеток.

Плехот обложете го со хартија за печење, а претходно можете малку да го намастите за да се залепи хартијата.

На хартијата истискувајте ја смесата во спирален облик.

Јас ги сакам повисоки па правам два еднакви круга па спирално намалувам.

Така добивам околу 22 крофни.

Ако сакате да добиете повеќе крофни а пониски, тогаш правете еден круг па спирално затворете.

Оставајте растојание помеѓу крофните за да не се лепат меѓусебе кога ќе пораснат.

Печете во претходно загреана рерна на 180 степени околу 35 минути, додека да добијат фина златна боја.

НЕ ЈА ОТВОРАЈТЕ РЕРНАТА ПРВИТЕ 30 минути!

Готовите крофни оставете ги да изладат.

Изладените крофни пресечете ги, но не на средината туку веднаш над неа, малку повеќе кон врвот.

“Капата” од пресечената крофна оставајте ја веднаш покрај неа, да знаете после кога ќе ги спојувате.

Додека крофните се печеа, во меѓувреме пудингот се изладил, па кремот за филување може да се заврши.

Изматете 200 мл слатка павлака па постепено додавајте во изладениот пудинг. Добро соединете со миксер.

Врекичката за декорирање наполнете ја со крем и со неа полнете ги крофните.

Изматете 200 мл слатка павлака и со помош на вреќичките нанесете преку кремот.

На крај ставете ги капите.

Наросете со шеќер во прав.

Фото и рецепт: Лилјана Марјановиќ