Приказната која го обиколи светот: Никола (14) секое утро станува во 4 и собира шишиња за да го прехрани семејството…
Илија Обрадовиќ од Иваниќ Град вели дека не може да биде погорд отколку што е. Ова не е чудно бидејќи тој има син кој има само 14 години, а кој летото го поминува помагајќи му да заработи пари за да го прехрани семејството во кое има уште четири браќа и сестри.
Никола Обрадовиќ е 14-годишно момче од Иваниќ Град кој веќе неколку години секој ден оди во Загреб да собира шишиња и хартија и на тој начин да му помогне на своето семејство во кое има уште четири браќа и сестри и кои живеат само со една плата.
– Собрани се сто парчиња шишиња и околу сто килограми хартија. Го правам тоа од кога имав околу пет, шест години. Тоа ми се допадна бидејќи не морам ништо да барам од родителите – вели Никола, кој може да биде пример за многу негови врсници, но и за постарите од него.
– Станувам некаде околу четири или пет часот, доаѓам во Загреб со татко ми и не ми е тешко бидејќи имам велосипед со кој сум многу побрз отколку да одам пешки – опишува момчето.
Неговиот татко Илија вели дека се обидел да го одврати од тоа, но не успеал.
– Да бев на негово место, тешко ќе ми беше да станувам. Му реков, но тој сака да работи. Не можам сега да го одвраќам, не би сакал да го спречувам кога сака да работи – вели Илија.
Сè што ќе собере Никола го транспортира кај татко му, кој работи како обезбедување. Секој ден, вели, го полни багажникот на автомобилот. Со парите заработени од шишиња и хартија купуваат сè, од патики до подмирување на сметките.
– Не можев да бидам погорд од што сум. Си работи човекот, млад, а сака да работи – додава таткото на Никола, откривајќи дека момчето штеди за да се запише во автошкола за својот 18 роденден.
Погледнете ја оваа прекрасна приказна од архивата ОВДЕ: