Превкусни солени мафини со тиквички…Тиквичките се повкусни и од месо…Додајте им уште неколку состојки и тие ќе се претворат во највкусниот оброк што сте го јаделе…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 тиквичка
1 компир
3 лажици гриз
50 мл млеко
50 г рендан кашкавал
2 јајца
2 лажици маслиново масло
70 г брашно
1 лажица прашок за печиво
сол
1 рака ситно сечкан магдонос

ПОСТАПКА:

1.Загрејте ја рерната на 180°C. Изрендајте ги тиквичките, посолете ги и оставете ги 15 минути да го испуштат сокот. Потоа добро истискајте го.

2.Во исцедената тиквичка додајте гриз и млеко, промешајте и тргнете настрана 5 минути. Додајте ситно рендан кашкавал и ситно сечкан магдонос.

3.Во смесата додајте еден рендан компир, две јајца и две лажици маслиново масло. Посолете, па додајте просеано брашно помешано со прашок за печиво.

4.Промешајте со лажица за да се распоредат состојките и да се изедначи смесата.

5.Полнете ги калапите за мафини (намастени со путер) или хартиените корпички и печете ги во загреана рерна на 180 степени, 25-30 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.