Превкусна вечера, сите ќе сакате да ја пробате. Повеќе нема да купувате класични лазањи, овие ќе ги правите постојано бидејќи се неверојатно добри. Почнав да ги правам трипати седмично за ручек или вечера и сите ги обожаваат.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 варени компири со средна големина, 500 мл млеко, 150 мл масло, 2 јајца, сол, црн пипер, црвен пипер, сув зачин, 300 г брашно, ½ главица кромид, 300 г мелено месо, 3 лажици доматен сос, 3-4 лажици кисела павлака и 1-2 раце рендан кашкавал. ЗА БЕШАМЕЛ: 50 г путер, 1 лажица брашно, 300 мл млеко.




ПОСТАПКА: Компирите сварете ги во вода со малку сол, па потоа излупете ги и испасирајте ги со помош на виљушка. Додајте 200 мл млеко, 150 мл масло, две јајца и лажичка сол.




Со помош на рачен миксер соединете ги состојките додека да добиете изедначена каша. Додајте уште 300 мл млеко и просеано 300 г брашно. Треба да добиете смеса како за палачинки. На нелеплива тава за палачинки испечете 10 палачинки.




На малку загреано масло испржете го исечканиот кромид, па кога ќе омекне додајте го и меленото месо. Зачинете со сув зачин, црн пипер и црвен пипер. На крај додајте и доматен сос. Промешајте добро и оставете да крчка додека убаво да се запржи.




На страна пригответе го бешамел сосот: растопете го путерот, додајте брашно и пропржете го додека да зарумени малку, па додајте го млекото. Гответе со мешање до саканата густина, околу 1 минута.




Огноотпорниот сад каде ќе ги печете лазањите намастете го со малку масло, па дното обложете го со палачинките. Филувајте со пржено мелено месо и одозгора полејте бешамел сос. Постапката повторете ја додека имате материјал.




Одозгора премачкјате со неколку лажици кисела павлака и наросете рендан кашкавал. Ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени околу половина час додека да зарумени. Одозгора наросете со ситно сечкано младо кромитче и послужете. Следниот рецепт се подготвува со вистински тестенини за лазањи:




ЛАЗАЊИ готови за 6 минути – омилениот италијански специјалитет. Омилениот италијански специјалитет во експресно – брза варијанта! Доколку користите неготвени лазањи, оставете ги да омекнат во топла вода пред приготвување.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 лажичка маслиново масло, ½ чешне лук, 1 лажица свежо оригано или ½ лажичка суво оригано, 1 шолја сечкани домати, ½ лажичка сол, ¼ лажичка црн пипер, 2 кори лазањи, ¼ шолја рикота сирење, 3 – 4 парчиња моцарела, 1 лажица пармезан, 1 лажица свеж босилек, готов болоњезе сос (рецепт), печурки по желба.




ПОСТАПКА: Пригответе чисти тегли и во нив измешајте масло, лук, печурки, оригано, доматен сос, болоњезе сос, сол и црн пипер. Ставете во микробранова печка на 1 до 2 минути колку да омекне зеленчукот.

Земете втора шолја па редете ред искршени лазањи, ред сос, па ред сирење. Завршете така што горниот слој ќе биде пармезан. Вратете во микробранова печка на 30-60 секунди, во зависност од јачината.