Многу едноставно се приготвува, не е потребна голема умешност!
Потребни состојки: 4 јајца, 2 шолји шеќер, 1 шолја растопен путер, 1,5 шолја густ јогурт, 2 шолји брашно, 2 ванилин шеќер, 1 прашок за печиво, 400 г вишни +-, 1-2 лажици гриз и малку шеќер во прав
Постапка: Одвоено измешајте ги сувите и течните состојки, па потоа соединете ги во компактна смеса.
(Прво одвојте ги белките, изматете ги во снег, па додадете жолчки, промешајте, па јогурт, растопен путер)
Ако користите смрзнати вишни, одмрзнете ги па наросете ги со шеќер и со 1-2 лажици гриз, па додадете ги во смесата и промешајте.
Калапот намастете го и побрашнете го, па печете во загреана рерна на 180 степени околу 40 – тина минути.
Најдобро проверете со стапче. Малку изладете го колачот, па извадете го од калап и богато наросете го со шеќер во прав.