Запишете си уште еден рецепт во збирката на вкусни топчиња, преубави Наполеон топчиња кои се двобојни.

Веројатно знаете сличен рецепт, но според мене овие состојки и мерки ми е најдобар, а колачите ми се посебно драги и посебни. Еве што ви е потребно според рецептот на Сања:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

200 г бадеми
200 г шеќер во прав
150 г растопено чоколадо за готвење
1-2 лажици рум
1 белка

ЗА ФИЛ: 2 варени жолчки, 500 г путер, 120 г шеќер во прав

ПОСТАПКА: Од сите состојки замесете ја темната смеса додека целосно да се изедначи.

Варените жолчки испасирајте ги со виљушка и измешајте ги со путерот и шеќерот. Смесата треба добро да се изедначи.

За налесно обликување на топчињата, смесите е најдобро малку да се оладат во фрижидер, но ако ви се брза, можете и веднаш да започнете со обликувањето.

Црпете прво темна смеса, сплескувајте на дланката, па во средината ставете топче од жолтата смеса и затворете.

Обликуваните топчиња валајте ги во крупна шеќер. Пред полужување оладете ги. Рецепт на Сања / Сооlinarika.сom