Преубав џем од диња…не пропуштајте го неодоливиот вкус кој цела зима ќе ве потсетува на летото…Еве што ви е потребно:

Потребни состојки:

4 кг диња (2 средни)
2-3 лимони (зависи од сочноста и величината)
800 г шеќер
2 тегли од 1 кг
соодветни капаци за теглите
конзерванс може и не мора, а доколку одлучите да ставите, доволно е половина кесичка.

Постапка:

Измијте ги дињите надворешно, пресечете ги на половина, извадете ги семките и со лажица издлабете ја дињата во тенџере во кое ќе го готвите џемот.

Изгмечете со рака, измешајте со шеќер и оставете да отстои два часа.

Исцедете лимон во дињате па ставете да се готви. Првите половина час гответе на посилна температура, потоа намалете и продолжете со готвење уште еден час или додека да сте задоволни со густината.

Повремено промешајте, а пред крајот интензивно. Теглите и капаците добро измијте ги и исушете ги во рерна загреана на 150 степени.

Врелиот џем складирајте го го во врели тегли. Редете ги теглите во тепсија која ќе ја ставите во рерна на 200 степени уште 20 минути да фати осозгора коричка и да се пастеризира.

Извадете од рерна и веднаш добро затворете со капаци. Уживајте во одличниот вкус. Вака подготвен може да се чува до зима.

Видео: