Пишува билкарот Мартин Најдовски:
Моја препорака од билки за Корона вирус
1. Жалфија (lat.Salvia officinalis)
-Како прва и основна и најглавна билка ја ставам жалфијата. Таа делува антигабично и антибактериско, одлично делува на снижување на високата температура, помага кај респираторни проблеми и е билка која може да се користи против секакви вируси.
Жалфијата делува речиси кај сите болести, од Алцхајмерова болест па сè до неплодност. Чајот се пие 7 дена со пауза од 2 дена и пак истата постапка.
РЕЦЕПТ: 2 супени лажици се прелеваат со 500 мл зовриена вода. Се остава поклопено да отстои 20 минути па се пијат по 2 шолји дневно.
2. Клекови бобинки (lat. Juniperus communis)
Клеката делува антивирусно. Одлично помага во уништување на секакви вируси и делува на респираторни заболувања. Не ја препорачувам за луѓе со воспаление на бубрезите.
РЕЦЕПТ: Се прави тинктура и тоа 50 грама клекови бобинки на 500 мл ракија домашна. Стои 21 ден, се процедува и се консумира 2 пати дневно по 10-15 капки во чаша вода (разматени се пијат).
3. Мајкина душица (lat. Thymus Serpyllum)
Мајкината душица е антимикробна, ги уништува штетните организми поради присуството на Тимол. Тимол е супстанција која ги уништува сите штетни организми во нашиот организам.
4. Бозел (lat. Sambucus nigra)
Се вели дека кој има Бозел во неговиот двор има цела аптека. Нема дел кој не е лековит, од корен па сè до плод. Најлековит е цветот. Истражувањата покажале дека бозелот содржи 5 пати повеќе витамин Ц отколку лимонот.
Бозелот го зголемува имунитетот, го чисти организмот од токсини, лекува секакви проблеми со белите дробови и го зацврстува организмот. Се зема во форма на сируп, сок или чај.
5. Лук (lat Allium satvium)
Лукот сите знаеме дека уништува секакви вируси и одлично делува во сузбивање на настинки и тешки вируси. Да изедете 1 главица лук е исто како да сте примиле инјекција пеницилин. Или ќе го јадете или ке го примените во форма на одвар.
РЕЦЕПТ: 5 чешниња лук, исечени на половина се прелеваат со 1 литар зовриена вода. Се остава до изладување па потоа, тоа цело литро се пие во текот на денот наместо вода.
6. Прополис
Да не заборавиме на прополисот и на неговите лековити својства. Тој е антибиотик, делува одлично на подигање на имунитетот, уништување на сите инфекции и вируси.
Особено го препорачувам кога е приготвен со ракија од 50% бидејки и ракијата го загрева организмот и ги уништува сите штетни организми. Тинктура од проплис да се зема 3 пати дневно по 30 капки.