Фото и рецепт: Nada Lauco

Предлог посна тава за тие што постат!

Потребни состојки:

1 поголема главица кромид

1 лажичка црвен пипер во прав

100 – 200 мл доматно пире или салца

2-3 пиперки

1 модар патлиџан

1 тиквица

2.3 моркови

1-2 пашканат

50-100 г грашок

½ главица брокула

1 лажичка сув зачин (вегета), сол и црн пипер по вкус

1-2 ловоров лист

5 компири

1 рака ориз

500 мл вода

* количините на заленчукот се произволни, можете да зголемите и намалите по вкус.

Постапка:

Кромидот се сечка ситно и се запржува на малку масло, се додава едно лажиче црвен пипер и се промешува. Потоа се дотура малку доматен сос да прокрчка на изгасена рингла.

Оваа смеса се претура во земјена тава. Се додава зеленчук кој што си има по дома. Јас ставив: пиперки, модар патлиџан, тиквица, морков, пашканат, грашок и брокула.

Се додава е лажиче вегета, сол по вкус, ловоров лист, црн пипер и 5 компири исечени на парчиња и една рака ориз.

Се става во рерна на 200 степени и се дотура 500 мл вода. Се вари додека да се сварат оризот и компирите и додека да се потпече.

Фото и рецепт: Nada Lauco