Ако ги сакате колачите со семе од афион, тогаш пред вас е најдобриот рецепт за ролат со мак. Можете да го правите како ролат или како пита, со подебела или потенка кора, но јие го сакаме со многу фил. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 кесичка сув квасец, 400 г брашно, 50 г шеќер, 2 јајца, 80 г растопен путер, 125 мл млеко, 1 прстофат сол, ½ лимон – рендана кора. За фил: 400 г мелен мак, 150 г шеќер, 1 кесичка ванилин шеќер, 4 лажици мед, 100 мл млеко, 1 лажица цимет во прав, 1 лимон – рендана кора, 50 г суво грозја
ПОСТАПКА: Квасецот и лажичка шеќер растопете ги во 5 лажици млако млеко и оставете на топло 15 минути да се активира и запени.
Брашното просејте го во сад и додајте малку сол, јајцата отстојани на собна температура, шеќерот и преостанатото млеко, растопениот путер (на тивко или во микробранова печка) и активираниот квасец.
Добро промешајте и замесете го тестото. Кога ќе почне да се одвојува од ѕидовите на садот и ќе се измазни, обликувајте топка, покријте го со стреч-фолија и крпа, па оставете го на топло место да ферментира приближно 50 минути или додека убаво да се удвои.
Кога волуменот на тестото значително ќе се зголеми, малку премесете го и поделете го на два дела. Обликувајте топки и оставете ги 5-10 минути покриени со крпа. Секој дел посебно ставете го на набрашнета работна површина и развлечете го во кора со дебелина од половина центиметар.
Преку целата површина кората премачкајте ја со половина од филот, свиткајте во ролат и ставете го во намастена тепсија (како полжав, или како прав ролат). Ролатите оставете ги уште 10-тина минути да одморат покриени, додека рерната се загрее, а тие малку да нараснат.
Потоа премачкајте ги со изматено јајце и ставете ги да се печат во загреаната рерна на температура од 200 степени 40-тина минути или додека убаво да заруменат. Ако пребрзо ви заруменат, одозгора ставете парче фолија и продолжете со печењето.
За фил: измешајте мак, шеќер, ванилин шеќер, мед, цимет и рендана лимонова кора. Млекото ставете го да зоврие, прелијте го макот и добро промешајте. Додајте го сувото грозје и оставете да излади, а сувото грозје и семето да набубри.
Кога печениот ролат ќе го извадете од рерна, прекријте го со влажна памучна крпа (исцедена и истресена) и оставете така да се лади. Кората ќе биде мека и сочна, а потоа ќе се сечат совршени парчиња. Рецепт на Таана.