-Бабините старински колачи: Рецепт стар повеќе од 60 години!

Ова е многу стар и многу едноставен рецепт за чајни колачиња, на овој начин ги правеа кога јас бев дете.

Потребни состојки:

300 г меко брашно
150 г путер
2 јајца
150 г шеќер
1 ванилин шеќер
½ прашок за печиво
1 прстофат сол
1 лажица какао или чоколадо во прав – по желба

Постапка:

Во брашното измешајте го прашокот за печиво, додадете сол, шеќер помешан со ванилин шеќер, јајца и на листови исечкан путер, па сето заедно измесете го во меко тесто. При мешањето по потреба додадете брашно или неколку капки вода.

Пред 60 па и повеќе години, тоа вака се правеше. На машина за мелење месо се ставаше продолжеток за профилирање на кексите.

Со оглед на тоа што го сочував калапот и малата машина за мелење месо од мајка ми, денес јас ги правам овие колачиња на старински начин.

Ако сакате двобојни колачиња, поделете го тестото на два дела па во едниот замесете какао или чоколадо во прав.

Тестото го истискате преку машината и колачињата ги сечете слично како што се сечат тулумбите на пример, со посакуваната должина.

Ако немате ваква машина за мелење месо со калап, тогаш колачињата истиснувајте ги преку шприц за украсување торти.

Редете ги на плех обложен со хартија и печете во рерна на температура од 175 степени, околу 12 до 15 минути, зависно од дебелината и обликот на колачињата.