ПРАЗНИК ЗА ОЧИ…РОЛАТ ОД ЈАГНЕШКО…Многу вкусно, сочно и меко…Рецепт и фотографии на Рада Врбљанац. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
2 кг јагнешко од ребра (откостено)
Зачини:
по 1/2 лажичка: сув рузмарин, босилек, зеленчукова мешавина (вегета), сол, црн пипер, мирудија и куркума
5 лажици сенф
2 моркови исечени на тенки ленти
4 лажици лист од магдонос
И уште:
3 ловорови листови
масло
неколку чешниња лук малку нагмелени
100 мл црно вино
ПОСТАПКА:
1.Откостете го јагнешкото и зачинете го. Поставете го врз хартија за печење и обликувајте правоаголна форма.
2.Премачкајте го со сенф, па наредете моркови и магдонос.
3.Со помош на хартија внимателно свиткајте ролат и врзете го со готварски конец.
4.Потпечете го на масло од сите страни за да зарумени, во длабоко тенџере во кое сте додале ловорови листови, чешниња лук и црно вино.
5.Потоа ставете го во огноотопрен (ѓувеч) сад, прелијте го со тоа масло сосе состојките, прекријте со хартија и алу-фолија, па ставете да се пече во рерна загреана на 180 степени, приближно 2 часа. Рецепт и фотографии на Рада Врбљанац.