ПРАЗНИЧНО ЈАДЕЊЕ: Никогаш не сум вкусил толку добро ПЕЧЕНО ЈАГНЕШКО! Ако на празничната маса има навистина нешто вкусно и апетитивно јадење, тогаш тоа за многумина е јагнешкото.
Овој рецепт е соодветен и за друг тип на месо, но најмногу за јагнешко месо. Бут или рамо со тежина од приближно еден килограм. Покрај парчето јагнешко, за да го направите овој рецепт потребни ви се:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
-1 килограм мали компири (млади)
-ароматични билки, рузмарин и мајчина душица
-екстра девственото маслиново масло, 4 лажици
-путер, една лажица, 20 г
-2 главици кромид, бел или црвен
-1 главица лук
-ракија или коњак (половина чаша)
-300-400 мл булјон/ концентрирана супа од месо (јас користев Боврил). Може да биде супа во коцки.
ПОСТАПКА:
Прво измешајте го маслиновото масло со путерот, две чешниња мелен лук и две лажици ароматични билки, една рузмарин и една мајчина душица. Оваа смеса ставете ја на тивок оган додека да се растопи путерот и веднаш тргнете ја од оган.
На јагнешкото месо ставете сол и црн пипер, ставете го на плех со компирите, кромидот исечкан на четвртинки, главица лук и мало гранче рузмарин и мајчина душица.
Јагнешкото и компирот премачкјате ги со смесата масло-путер-лук. Покријте ја целата тава со алуминиумска фолија, со сјајната страна надолу за да ја одрази топлината. Печете еден час на 180ºC – 360ºF.
Извадете го плехот од рерна и врз јагнешкото сипете половина чаша ракија или коњак. Ако сте решиле да ја користите концентрираната супа како мене, треба да разредите половина лажица во голема чаша топла вода.
Потребни ви се 300 – 400 мл супа. Ако користите бујонски коцки, постапете на ист начин, разредете ја коцката во топла вода. Ако претпочитате течна супа, едноставно користете ја количината наведена во рецептот.
Јагнето печете го уште половина час непокриено. Температура 200ºC – 400ºF. За тоа време, внимавајте течноста во садот да не се исуши. Добра идеја е да имате повеќе супа при рака и да додавате ако испари.
Наведеното времетраење на печењето се однесува за парче месо со тежина од еден килограм. Ако парчето ви е поголемо додајте по 10 минути на секои 100 грама месо.
Компири: Целиот компир сосе кора добро се спротивставува на печењето, не се распаѓа, а внатре останува сочен и многу вкусен. Ако сакате да ставите излупен или исечен компир, потребен им е само еден час во рерна, вкупно.
Кога ќе го извадите јагнешкото месо од рерна, во чаша за блендер додајте ги кромидот, лукот без кора (само истиснете го да излезе меснатиот дел) и сокот од плехот, сето тоа процедено.
Измешајте ги овие состојки за да добиете вкусен сос. Ако е премногу густ сосот, додајте супа или вода и разредете додека да ја постигнете саканата текстура.
Уживајте во вкусна божиќна вечера со вашите најблиски! Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.